На Академијата за графички дизајн, постојано се работи на реални проекти за реални клиенти коишто го красат професионалното портфолио на студентите. 

На модулот „Motion Design“ под менторство на инструкторот Александар Поповски тие имаа задача да го покажат целото стекнато знаење од предавањата, да работат на реален проект за реален клиент и да направат анимации за Amaro Bazar – Shutka Shopping Center. 

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но дизајнот кој беше прогласен за победничко решение му припаѓа на Марко Донев.

 

Во продолжение си поразговаравме со Марко за неговото победничко решение

 

 

Здраво Марко! Те запознавме во претходниот блог пост со победничкото решение за постер дизајн на Amaro Bazar, а сега го зема и победничкото место на модулот за Motion Design. Најпрво, како се чувствуваш?

Се чувствувам одлично! Отсекогаш сум сакал да работам со Motion Design, тоа беше главната причина да влезам во светот на графичкиот дизајн!

 

Раскажи ни нешто повеќе за твоето финално решение. Што е идејата зад овој проект и кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат? 

Моето финално решение е рачно нацртана слика која го претставува Амаро Базар. Идејата е да се рекламира пазарот, а процесот се одвиваше без проблем од брифот со клиентот, сè до крајниот резултат!

 

Од каде ја црпеше инспирацијата за анимација?

Инспирацијата ми дојде уште кога го изработив постерот, исто како и постерот сакав нешто едноставно, но значајно.

 

Кои техники, алатки, методи се употребени за овој проект? 

Користев различни техники и методи како SWOT анализа, brainstorming, moodboard, а од алатки користев Illustrator и After Effects.

 

 

Како успеа да се соочиш со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креираш едно функционално решение?

Секој зададен предизвик го надминав доста лесно, најдобро работам кога работам сам и под притисок!

 

Дали Академијата за графички дизајн те подготви доволно за да можеш да ја започнеш својата кариера како дизајнер?

Академијата за графички дизајн ме подготви доволно за да почнам со градење на кариера во графичкиот дизајн што моментално ми е најголема цел!

 

За крај, како работата на реални проекти влијае врз твоите знаења и вештини?

Реалните проекти се клучни за секој студент на Бреинстер, нè ставаат во real life ситуации со клиенти кои ни даваат искуство неопходно за каква било кариера.



Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!