На Академијата за графички дизајн, постојано се работи на реални проекти за реални клиенти коишто го красат професионалното портфолио на студентите. 

На модулот „Motion Design“ под менторство на инструкторот Александар Поповски тие имаа задача да го покажат целото стекнато знаење од предавањата, да работат на реален проект за реален клиент и да направат анимации за Bellina.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Теодора Трајковска.

 

Во продолжение си поразговаравме со Теодора од Академијата за графички дизајн за искуството на овој реален проект

 

 

Здраво Теодора! Ти си една од најактивните студенти на Академијата за графички дизајн, која покажа голема заинтересираност кон дизајнот и не ја пропушти можноста да учествуваш на реалните проекти. Претстави ни се накратко!

Јас сум Теодора Трајковска од Скопје, имам 24 години. Фотографирањето, уметноста и технологијата се моите пасии, а графичкиот дизајн го сметам за соодветна професија за мене каде што можам креативно да го пренесам тоа што го сакам.

 

Раскажи ни нешто повеќе за твоето финално решение. Што е идејата зад овој проект и кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат? 

Првпат се сретнувам со анимацијата како дел од дизајнот, што за мене беше еден голем предизвик. Идејата зад овој проект беше да се прикажат производите кои ги нуди компанијата Белина, на социјалните медиуми, но на поразличен начин од вообичаениот, со анимација, како начин за да се привлече интересот и вниманието на купувачите, што е впрочен и главна цел. Почетокот на овој процес започна со research за самата компанија, целната група, а потоа најважниот дел – дизајнирањето каде поминавме низ неколку фази, се разбира со поддршката од менторот Александар Поповски, додека нѐ дојдеме до крајниот резултат.

 

Кои беа барањата од страна на клиентот?

Минимализам, пастелни бои и ставање на акцент на производот, беа барањата коишто ги добивме од клиентот, а слободата за дизајнирање и довербата ни ја препуштија нам.

 

Од каде ја црпеше инспирацијата?

Инспирацијата ја црпев од самиот клиент, бидејќи се работи за креативно решение наменето за социјалните медиуми, главна цел при дизајнирањето ми беше да се совпадне со целиот брендинг кој веќе го имаат изградено како компанија.

 

 

Кои техники, алатки, методи се употребени за овој проект? 

Како главна алатка ја користев After Effects за изработка на самата анимација, но и Illustrator и Photoshop за креирање на илустрациите кои се дел од целиот дизајн. 

 

Како успеа да се соочиш со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креираш едно функционално решение?

Со добро менаџирање на времето и без изговори, може да се заврши сѐ во определениот рок.

 

Што научи од оваа соработка? 

Добриот research за клиентот, неговите барања и желби се клучни за обострано задоволство, но тука не можам да го изоставам вложеното време и посветеност на работа на самиот проект.

 

Дали Академијата за графички дизајн те подготви доволно за да можеш да ја започнеш својата кариера како дизајнер?

Стекнатото знаењето и искуството на Академијата за графички дизајн, како и предизвиците кои ги имавме во текот на студирањето, се отскочна даска за започнување на кариера како графички дизајнери.

 

За крај, како работата на реални проекти влијае врз твоите знаења и вештини?

Работата на реалните проекти е одлична подготовка за тоа што ќе нѐ чека во иднина. Со секој нов проект се стремиме кон подобрување на нашите дизајни и следниот да биде подобар од претходниот, но ги надградуваме нашите презентерски вештини што сметам дека се едни од клучните вештини за да го пренесеме и доближиме нашето дизајнерско решение поблиску до клиентот.  

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!




Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!