Академијата е одлично организирана, а инструкторите се секогаш посветени на нас

Запознај ја Марта Манеска – студент на нашата Академија за графички дизајн која се реши да направи комплетна кариерна трансформација.
Нејзината љубов кон уметноста и големата посветеност, резултираа со почеток на нејзината кариера уште пред да ја заврши Академијата како Илустратор во Македонска Крепост.
Си поразговаравме со Марта за нејзиното кариерно патување
Здраво Марта, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!
Здраво на сите, јас сум Марта Манеска, имам 29 години и сум студент на Академијата за графички дизајн. Креативна и иновативна личност по природа, хоби ми е сликањето, читањето и нормално, гледањето филмови.
Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?
Желбата да студирам графички дизајн беше природна прогресија на мојата љубов кон уметноста и мојата желба да го искористам својот талент. Сакав да научам да креирам и да можам да испратам различни пораки на еден визуелен и уникатен начин.
Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си поминуваш на Академијата за графички дизајн? Имаш ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?
Академијата е одлично организирана, додека менторите се секогаш достапни и посветени максимално на нас, да ни го пренесат нивното знаење. Секој модул и секоја вежба си има свои предизвици, како и тимската работа и индивидуалната, но лесно се совладуваат, благодарение на менторите.
Кои вештини ти помогат полесно да ја совладуваш програмата на Академијата за графички дизајн?
Постојано вежбање со програмите, цртање, како и редовна изработка на домашните задачи.
Почетокот на твојата кариера како илустратор ја започна во Македонска Крепост. Раскажи ни како изгледа работен ден?
Денот ми започнува со проверка на мојот емаил, и консултација со менаџерот и lead артистот. Откатко ќе добијам задача, започнувам со илустрирањето, и работам сѐ додека не добијам една комплетна слика според сите насоки кои се дадени. Работата е флексибилна, релаксирана, а тимот е исполнет со многу кул артисти.
Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?
Дефинитивно имаме многу уникатна перспектива кон светот. Постојано анализираме и толкуваме сѐ околу нас, барајќи инспирација и нови идеи кои може да ги употребиме, за да креираме моќни дизајни.
Каде се гледаш за 5 години во иднина?
За 5 години се гледам како професионалец во графичкиот дизајн, кој континуирано се надградува и учи нови алатки, со цел да бидам во тек со новите трендови и технологии.
За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор?
Сметам дека минатата професија не ме исполнуваше како личност, и не можев да ги употребам мојата имагинативност и креативност, па затоа се решив за една голема промена. До идните студенти, јас би рекла – always follow your heart.
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!