Дали некогаш сте се запрашале зошто одредени производи на полиците веднаш ви го привлекуваат вниманието? Одговорот на ова прашање лежи во дизајнот на нивното пакување, кој ја раскажува приказната на брендот.
На модулот „Дизајн на пакување“ под менторство на инструкторот Дијана Димитриевска, студентите од Академијата за графички дизајн имаа задача да го покажат целото стекнато знаење од предавањата, да работат на реален проект за реален клиент и да направат дизајн на чашки за Coffee Shop 091.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она Ема Китинова.
Во продолжение си поразговаравме со Ема од Академијата за графички дизајн за искуството на овој реален проект
Здраво Ема! Ти си една од студентите кои покажаа одлични перформанси и кои изработија многу интересни и креативни проекти. Најпрво, сподели ни нешто за себе!
Здраво! Јас сум Ема од Скопје. Можам да кажам за себе дека уште од моето рано детство, мојата фантазија и идеи често ги изразував преку креативни визуелни илустрации со кои сакав да пренесам и потенцирам голема и важна порака. Денес, таа своја креативност ја изразувам преку повеќе медиуми како фотографија, креирање видео игри, дизајнирање и др. Сакам тенис, природа, море, егзотични патувања и да потенцирам, специфични и функционални дизајни.
Беше дел од едно незаборавно искуство каде што имаше задача да испорачаш едно креативно решение за клиентот Coffee Shop 091. Раскажи ни повеќе за овој проект.
Проектот за CoffeeShop091 ни беше реален проект на модулот Packaging Design на Академијата за графички дизајн. Потребно беше да се изработи дизајн на чашки за кафе, кои би ја претставувале визијата и стилот на брендот, како и нивната уникатност, но и стилот и карактерот на CoffeeShop091. Елементот на уникатност и маркетиншкиот елемент беа најважни одлики на кои требаше да се посвети внимание.
Како се одвиваше целата соработка?
Целата соработка беше одлична и продуктивна. Одлична и континуирана комуникација со клиентот и менторот. Пофалби до менторот Дијана Димитриевска за соработката и дадените насоки и совети при изработка на проектот. Добрата организација, соработката, позитивната атмосфера беше предуслов за успешно завршен проект и задоволни клиенти.
Како успеа да се соочиш со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креираш едно вакво интересно решение?
Јас сум личност која добро го менаџира времето, времето и роковите не ми претставуваа проблем. Не наидов на некои големи предизвици. Со упорна работа и со стекнатите знаења од Академијата, како и поддршката од менторите се постигнува посакуваниот резултат. Целиот процес на изработка беше интересен и креативен за на крај да заврши со успешен проект и задоволни клиенти. Среќна сум што клиентот ја препознаа нивната идеја и визија во овој дизајн и го прифатија.
За крај, како работата на реални проекти влијае врз вашите знаења и вештини?
Работата на реални проекти е една голема предност и можност за напредок и стекнување нови практични искуства кои се од голема важност за нашата кариера како идни графички дизајнери. При работата на вакви проекти дознаваме за процесот на работа со реални клиенти и како тоа функционира во реалниот свет.
Време е за твојата нова кариера, во новата ера на графичкиот дизајн!
Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.
Аплицирај на Академијата за графички дизајн и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+