Возбудливо, едукативно, зелено, забавно, енергично…Ова се зборовите со кои студентите од неколку Brainster академии го опишаа најголемиот live хакатон што се случуваше на 27 и 28 мај во нашите канцеларии.

Ја спуштаме завесата и ги сумираме впечатоците од уште еден успешно-завршен хакатон во живо, овојпат во партнерство со The International Foundation for Electoral Systems: IFES.

100 студенти од вкупно 4 академии (UX/UI дизајн, графички дизајн, дигитален маркетинг и Project & Product Management), 48 часа посветено работеа на изработка на веб и мобилна апликација наменета за едукација на младите во полето на заштита на лични податоци и користење на податоци онлајн. 

Хакатонот e дел од проектот на Швајцарска амбасада – „Поддршка на изборни реформи“,, имплементиран од меѓународната фондација за изборни реформи (ИФЕС), а мобилната апликација е дел од препораките кои произлегуваат од документ за јавна политика изработен на оваа тема.  

 

 

  • Уникатен продукт, единствен од овој тип во земјава

Хакатонот се реализираше под името SAVE THE DATA, водејќи се од целта на овој продукт, а таа е подигнување на свесноста помеѓу најмладата популација на темата лични податоци и начини како да ги користат и заштитат нивните лични податоци на интернет.

Изработената апликација ќе има за цел да им се доближи на младите луѓе, претежно средношколци, кои се активни корисници на интернет и веб-алатки, како и да се подигне свесност за значењето од заштита на приватни податоци.

Ова е генерација која има пристап до многу информации и покажува свесност за нивното однесување и користење на податоци онлајн, но од друга страна нема доволно познавања за заштита на приватните податоци, ниту пак за последиците од нивната злоупотреба.

 

 

  • Од дизајн до имплементација, преку практична, тренди и едноставно-разбирлива апликација

Студентите од различни креативни академии имаа можност да го продлабочат своето знаење, а воедно и да го надополнат професионалниот опус со нови знаења од колегите од другите академии.

Тие пред почетокот на хакатонот добија бриф со јасни насоки од клиентот за сето она што е потребно да се изработи. Од дизајн решение за брендинг, до апликација, изработка на решение за лесно пристапна и лесна за користење апликација, до стратегија за промоција и визибилитет на апликацијата. 

Новата веб и мобилна user friendly апликација е замислена како тренди и кул, со јасен фокус на визуелизација, практичност, едноставност и лесно разбирлива содржина прикажана на јасен структуриран начин, нудејќи практични совети, јасни насоки и инструкции за следење.

 

 

  • Станува збор проект и развивање на иновативно решение, кое никогаш досега не било потегнато како прашање во Македонија

Јоана Космо, претставник за IFES во земјава имаше прилика да го отвори настанот, посакувајќи им многу среќа на сите учесници.  

„Навистина сме многу возбудени што сме дел од овој проект. Ова за нас е пилот проект, но секако ќе имаме и други можности и проекти за соработка во иднина. Ќе продолжиме да ги следиме сигналите на пазарот и да работиме на изнаоѓање на други начини и различни апликации за имплементирање на новите технологии, коишто сме секогаш тука да ги поддржиме. Ви благодарам што сте тука со нас и со нетрпение ги очекуваме вашите презентации”, изјави Јоана. 

 

 

„Она што е уникатно за овој Хакатон е дека за првпат во рамки на нашите реални проекти таргетираме млади од 14 до 18 години, група која е најприсутна во онлајн просторот, но и најмалку едуцирана. За првпат во Македонија се работи на конкретен случај воден од потребата на младите за една ваква алатка за едукација и заштита на податоци онлајн.

Идејата за оваа веб-апликација за заштита на лични податоци потекна од едно истражување кое го реализираше нашиот партнер ИФЕС и една од препораките која произлезе од истото, посочувајќи дека една ваква апликација ќе биде од огромна помош во процесот на насочување и едуцирање на младите за тоа како да ги заштитат своите податоци онлајн, но ќе им послужи и како практичен водич за како треба да се однесуваат и да ги постават своите уреди кога општат во онлајн-просторот.

Очекуваме добар продукт кој ќе наиде на одлично прифаќање на пазарот. Се надеваме дека во периодот што следи во партнерство со IFES ќе имаме можност да го доразвиеме овој продукт, со цел негова целосна имплементација и примена ”, вели Јована Јовановска Кануркова, корпоративен координатор во тимот на партнерства.

 

 

  • Студентите раскажаа за нивното искуство

Атмосферата беше возбудлива и полна со адреналин, студентите беа максимално посветени, а инструкторите беа тука да им помогнат низ менторски сесии. Што велат тие?

Марина е студент на Академијата за дигитален маркетинг и ова за неа не е прв хакатон.

 „Одлично се чувствувам, возбудени сме сите, организацијата е на супер ниво.  Подготвени сме, и јас и целиот тим, и секако, очекуваме победа”, ни сподели Марина.

За Синоличка Смилевска, од Академијата за UX/UI дизајн ова е прв хакатон, таа беше возбудена и полна со очекувања.

„Започнавме одлично, супер за вклопивме и синхронизиравме со тимот и тоа ни влева доверба дека можеме да направиме навистина одличен продукт”. 

 

 

Моника Бајлозова која е студент на Академијата за графички дизајн, заедно со колегите од тим 6 се обиде да дојде до најдоброто и апликативно решение.

„За мене ова е втор хакатон, прв хакатон во живо и искуството е навистина поразлично, навистина уникатно и неповторливо искуство. За првпат се групираме со колеги од 4 различни кандидати и очекуваме да научиме многу работи едни од други, тоа што сме различни го сметаме како предност”, ни рече Моника.

Сара Костова која беше дел од  тим 5 и е студент на Академијата за дигитален маркетинг, ни сподели дека ова за неа е прв хакатон во живо.

„Целиот тим има високи очекувања, но пред сѐ сакаме да создадеме навистина квалитетен и апликативен продукт. Ќе биде тешко, но истовремено и голем предизвик, посебно за нас студентите од дигитален маркетинг, кои имаме за задача работиме и на решение за промоција и визибилитет на продуктот”.

 

 

  • Што велат инструкторите?

Огнен Трипуновски кој е инструктор на Академијата за Project & Product Management, на која досега успешно поминаа веќе 6 групи ги меторираше групите на студенти во делот на подготовката на самите проекти.

„Она што е најбитно за било кој проект менаџер е да стекне практично искуство, а вакви хакатони се единственото место каде што студентите можат да се стекнат со ова искуство, притоа имајќи прилика да работат со колеги студенти од другите академии кои имаат искуство во сосема други сфери. Искуството кое ќе го стекнат преку практична работа во живо низ различни тимови е непроценливо. Key learning точката е онаа дека за првпат ќе можат да излезат од манјдсетот на креативни умови и да научат што значи да ги поседуваш и соодветно организираш сите ресурси на располагање, во насока на испорачување на најдобриот продукт кој клиентот ќе го одбере”, вели тој.

 

 

  • Хакатоните како одлична можност за стекнување на непроценливо практично знаење

Студентите на Академиите нa Brainster имаат можност за време на нивното тековно учење да работат на реални проекти, во соработка со партнерските компании во мрежата на Brainster.

Хакатоните се одлична можност за студентите за дополнително искуство и соочување со понапредни реални предизвици, каде што работат на еден ист предизвик поделени во тимови и групи, во присуство на ментори од академиите и на крајот се носи одлука за избор на најдобро победничко решение на хакатонот.

Освен стекнувањето на практично знаење, хакатоните се секогаш одлична можност и за дружба и вмрежување. 

 

Доколку размислуваш да го направиш првиот чекор кон лансирање на нова кариера или сакаш да ги надградиш своите дигитални вештини, нема подобро време од сега!

Затоа, искористи ја можноста да учиш под менторство на врвни професионалци, на интензивна програма и со работа на реални проекти што ќе влезат во твоето портфолио!

 



Аплицирањето за ваучер заврши!