Студентите од Академијата за графички дизајн изработија едукативни постер дизајн решенија

Со цел подобро да се едуцираат децата и нивните семејства за едни од најзначајните животни за целиот еко-систем, дивите пчели и црвеноушестите желки, студентите од Академијата за графички дизајн повторно се вклучија во нова благородна мисија со изработката на реален проект. 

На модулот „Постер дизајн“ под менторство на инструкторот Михајло Тунев, тие имаа задача да го покажат целото стекнато знаење од предавањата, да работат на реален проект за реален клиент и да направат постер – дизајн за Зоолошка градина Скопје.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она Петар Велковски и Елена Босилковска.

 

Во продолжение си поразговаравме со Петар и Елена од Академијата за графички дизајн за искуството на овој реален проект

 

 

Здраво дечки! Вие сте дел од студентите кои покажаа одлични перформанси и кои изработија многу интересни и креативни проекти. Најпрво, споделете ни нешто за себе!

Петар: Здраво! Јас сум Петар, матурант во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ и trying-to-be графички дизајнер. Geek за печатење сум и сакам да основам свое дизајн студио еден ден. 

Елена: Здраво, јас сум Елена. Се сметам за голем креативец и сонувач. До пред една година работев во cruise индустријата и откако се вратив, одлучив да се фокусирам на исполнување на своите цели, а една од најважните за мене е да имам работа каде ќе можам слободно и креативно да се изразувам.

 

Бевте дел од едно незаборавно искуство каде што имавте задача да испорачате едно креативно решение за клиентот Зоолошка градина Скопје. Раскажете ни повеќе за овој проект.

Петар: Проектот беше супер искуство и доста тежок беше предизвикот да се истакнеме меѓу сите талентирани дизајнери во нашите групи. На нашата група ни беше кажано да изработиме постер за загрозениот вид на црвено-ушести желки и како тие влијаат на своите локални екосистеми. 

Елена: Можноста да се изработи креативно решение за Зоолошка градина Скопје беше предизвик кој со задоволство го прифатив, затоа што пред сѐ сум голем љубител на животни и имам огромна почит кон природата. Добивме задача да направиме постер за пчелите и како може да им помогнеме. Искрено, премногу се радував дека имам можност да изработам нешто за Скопје ЗОО.

 

 

Која беше идејата зад проектот и целта што требаше да се постигне?

Петар: Оригинално беше зацртано да биде едноставен, едукативен постер за желки, и ако можеме преку текст или илустрација да вклучиме елементи од анимираната серија „Нинџа желки“. Беше интересен елемент кој додаде доза забава и смеа во брифот со клиентот и низ целата изработка. 

Елена: Барањето беше постерот да биде пред сѐ детски, едукативен и едноставен. Децата се најпрекрасните ВИП гости во зоолошката и идејата беше преку постерот да се привлече нивното внимание. Со самото тоа да се привлече и вниманието на повозрасните со што би ја постигнале главната цел, а тоа е да се информираат луѓето за важноста на пчелите и како преку лесни DIY проекти може да им помогнат и да ги заштитат.

 

Како се одвиваше целата соработка и кои беа барањата од страна на клиентот? 

Петар: Прилично едноставно, клиентот имаше јасни и кратки барања, и после презентациите нѐ исконтактираа за некои специфични промени, но ништо не беше тешко. Самиот дизајн беше лесен да се изработи, особено со ментор како Михајло Тунев, кој нѐ насочуваше кон точната патека колку и да заглавевме во creative block.

Елена: Клиентот имаше јасни барања и добро објаснување околу тоа „што“ и „како“ е потребно да се изработи. Ни беше дадена потполна креативна слобода на изразување а имавме поддршка и конструктивни совети од Михајло.

 

 

Како успеавте да се соочите со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креирате едно вакво интересно решение? 

Петар: Овој проект кај мене се погоди баш во време каде бев хипер-фокусиран на Brainster и ми дозволи целосно да се посветам на овој дизајн, иако од самиот почеток, на брифот со клиентот – веќе знаев како и што ќе изгледа. Сепак, беше предизвик да се склопи добар layout и со новите текстови и информации од клиентот кои ги добивме малку подоцна. Роковите, како секогаш со Brainster ги гледав повеќе како предизвик и мотивација отколку како притисок или стрес.

Елена: За мене, една од поубавите работи кога треба да се дизајнира или илустрира нешто е процесот на информирање. Самото пребарување отвора врати на имагинацијата и сите идеи доаѓаат оттука. Првите неколку дена се фокусирав на пребарување и информирање, навистина сакав да најдам интересни факти за пчелите кои ќе се паметат лесно, но и кои ќе имаат потенцијал за илустрација која сама по себе би била информативна. Илустрирањето на постерот беше многу интересен процес, а предизвиците ги гледам како можност да се научи нешто ново или пак нешто да се направи на поинаков или подобар начин. Сѐ е процес на учење. Роковите ги имало и ќе ги има, а наша задача е да ги почитуваме.

 

 

За крај, како работата на реални проекти влијае врз вашите знаења и вештини? 

Петар: Неверојатно добро. Мислам дека немаше да се заљубам во дизајнирање ако не беше за моделот на работа со реални проекти и клиенти. За процес кој е прилично стресен за freelancer-и, Brainster многу навремено нѐ спрема и нѐ учи како да комуницираме со клиент и како навремено да изработиме решение кое одговара на нивните барања. 

Елена: Реалните проекти се одлична можност да почуствуваме „на своја кожа“ што ќе се очекува од нас и каков стандард треба да понудиме и кон каков стандард треба да се стремиме. Досега имавме можност да работиме на неколку реални проекти и слободно можам да кажам дека знаењето кое се стекнува преку ваквите проекти е одлична припрема за понатаму.

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!