Осум месеци исполнети со максимална посветеност, многу задачи, предавања, реални проекти и вежби поминаа многу брзо за студентите од Академијата за графички дизајн.

Со цел да ја комплетираат програмата, студентите од Академијата за графички дизајн имаа задача да ги изработат своите завршни проекти и да изградат лого и бренд идентитет за реален клиент.

Под менторство на нашите инструктори Дијана Димитриевска, Александар Нофитоски и Александар Поповски, тие со максимална посветеност и многу труд, работеа на реален проект за клиентот Gift from Macedonia..

Во оваа блог објава, ќе ја запознаете Теодора Трајковска чие решение го зема победничкото место по презентацијата пред клиентот.

 

Во продолжение си поразговаравме со Теодора за нејзиното искуство

 

 

Здраво Теодора! Ти си една од најактивните студенти на Академијата за графички дизајн и те запознавме минатиот пат заедно со твоето победничко реше за Белина – Motion Design. Како се чувствуваш сега после завршниот проект?

Завршниот проект беше можност на дело да ги покажеме нашите вештини и знаења кои ги стекнавме во текот на Академијата. 

 

Раскажи ни нешто повеќе за завршниот проект. Што е идејата зад овој проект и кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат?

Водечката идеја при процесот на дизајнирање беше да се опфатат двата сегменти кои го водат овој стартап, промоција на карактеристични производи од Македонија, кои ќе можат да ги купат туристите во хотелите, а со тоа да ги поддржат и да им помогнат на жените кои биле жртви на насилство за нивна повторна инклузија во општеството. Тоа го претставив преку логото, односно филигранската пеперутката која е симбол на македонската традиција и синоним за нови почетоци, трансформација и неверојатните подвизи што можеме да ги постигнеме, воедно симболизирајќи ја жената – борец. 

 

Кои беа барањата од страна на клиентот?
Да се дизајнира лого и бендинг за Gift from Macedonia. За клиентот беше важно дизајнот да ја содржи социјалната компонента, но не и да доминира.

 

Од каде ја црпеше инспирацијата?

Жената борец и знаменитостите на Македонија се двете нешта од кои ја црпев инспирацијата во процесот на дизајнирање. 

 

Што беше потребно за успешно завршување на овој проект и колку време ти требаше да дојдеш до финалното решение?
Добар research за брендот и барањата на клиентот. Проектот го работев етапно, ми беа потребни околу 3 недели.

 

И за крај, како си помина на Академијата, што можеш да ни раскажеш?
На Академијата за графички дизајн се стекнав со нови знаења, вештини и искуства кои во иднина ќе ги надградувам, како и со пријателства кои траат.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!