Запознај го Роко Иванов – креативна и љубопитна личност, а воедно и алумни студент на нашата Академија за графички дизајн.

Како еден од најпопуларните проекти на коj тој има работено е Победничкото решение за постер дизајн на Sure Shotz.

По завршувањето на Академијата, Роко започна да работи на практикантска позиција во Младински Културен Центар – МКЦ, каде ќе продолжи да ги надградува своите знаења и вештини од областа на графичкиот дизајн.

 

Си поразговаравме со Роко за неговото кариерно патување

 

 

Здраво Роко, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво! Јас сум Роко, алумни студент од Академијата за Графички Дизајн на Бреинстер. Себеси би се опишал како љубопитна, немирна и храбра душа, со страстен внатрешен живот, која сопствените искуства имагинарно и креативно ги рефлектира од себеси во повеќе видови на уметност.

 

 

Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?

Најголемо влијание беше мојата желба за креативно изразување и уметничкиот дух, како и мојата љубопитност за изучување на програмите кои се користат за изработка на дела во оваа област.

 

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

На Академијата за графички дизајн се запознав со многу пријатели со коишто можев да ја споделам својата пасија за дизајнирање. Модулите од програмата заедно со одличните ментори, реалните клиенти и забавните домашни задачи беа клучен фактор за совладување на техниката и сите предизвици со коишто се соочив.

 

 

Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?

Домашните задачи коишто беа мошне корисни за примена на сето знаење стекнато од презентациите на менторите беа одлична прилика за практикување на вештините потребни за работа, како и реалните клиенти за коишто изработувавме дизајни и беа клучни за стекнување на искуство при работа со клиенти.

 

 

Почетокот на твојата кариера како графички дизајнер ја започна на практикантска позиција во Младински Културен Центар (МКЦ). Раскажи ни како изгледа еден работен ден?

Мојата работа се одвива remote – односно работам во домашна атмосфера со флексибилно работно време. За секој брифинг за проект сум контактиран преку меил и најчесто имам комплетна креативна слобода, што најмногу ми се допаѓа. Секој проект има deadline, односно дата до којашто проектот треба да биде завршен и секако таа дата мора да се почитува.

 

 

Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?

Графичкиот дизајнер има голема одговорност да го прикаже проектот, производот или настанот во најдобро светло, грижејќи се за неговиот изглед и пораката којашто треба да се пренесе преку него. Поради тоа тој треба да се соочи со длабока анализа на самиот продукт и таргет публиката и со тоа да рефлектира од себеси едно креативно решение коешто ќе биде привлечно, јасно и гласно. 

Како графички дизајнер често се наоѓам во позиција на анализирање на најразлични дизајни со цел да најдам инспирација или да направам некаква промена, дали тоа ќе е на интернет или некаде надвор низ градот, од логоа и постови на социјални мрежи, до постери и плакати. По изучување на типографија, односно техниката за уредување на фонтови и текст, свесно се приметуваат најразлични грешки во дизајнот на секакви продукти и компании.

 

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

Во иднина се гледам како успешен графички дизајнер со богато портфолио од најразлични проекти во сферата на графичкиот дизајн. Би кажал дека мојот сон е да имам свое лично дизајн студио коешто ќе нуди секакви креативни решенија.

 

 

За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор? 

Тоа што ме охрабри да се запишам на оваа Академија беше чувството за креативно отворање пред светот и раскажување на својата приказна и личните искуства, од среќата и тагата, минатото – сегашноста и замисливата иднина, желбата за некаква промена, или накратко потребата за слободно изразување и истурање на силна емоција, емоција која што ми го покажа патот на предизвици и триумфи. 

Би сакал да го охрабрам секој којшто размислува за кариера како графички дизајнер, чувствува потреба за креативно изразување и има пасија за уметностите, да го извади најдоброто од себеси и да се соочи со сите предизвици коишто доаѓаат со оваа професија, бидејќи нема подобро чувство од тоа кога ќе го видиш своето дело во живот, нешто што ќе живее и после тебе. 

Често ќе се најдеш во позиција каде што ја мразиш сопствената уметност затоа што изгледа како ти да си ја создал. Мислиш дека ако станеш подобар, ќе престане да изгледа како ти да си го направил делото, туку некој друг којшто е подобар. Но, не постои ниво на вештина над коешто ти ќе престанеш да бидеш ти. Го мразиш највредното нешто во својата уметност.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!