Едно од засилувањата на дизајн тимот на Brainster e Симона Ставреска Саздовска – креативна и амбициозна личност, а воедно и алумни студент од Академијaта за графички дизајн.

По завршување на Академијата, Симона започна да ја гради својата кариера во дизајн светот и се придружи на нашиот тим како Junior Graphic Designer.

 

Си поразговаравме со Симона за нејзиното искуство на Академијата и нејзината улога во нашиот дизајн тим

 

 

Како би можеле да те претставиме на читателите – Која е Симона?

Здраво, јас сум Симона и сум магистер по деловно право, но со работно искуство во маркетинг областа. Отсекогаш сум била „заглавена“ по креативни сектори, така што, неизбежно беше да останам во таа „рамка“ и да се посветам на тоа што навистина ме исполнува – графичкиот дизајн. Во слободно време сакам да возам точак и сум голем љубител на планинарењето, а она што максимално ме смирува и ми ги „полни батериите“ е цртањето.

 

 

Ти си наш студент од Академијата за графички дизајн. Како ни дојде во Brainster?

Brainster го знам и следам, речиси, од неговите почетоци. Посетував неколку курсеви и вебинари, а одлуката да се запишам на Академијата беше „бетонирана“ благодарение на предавањето на инструкторот Иван Дургутовски насловено Design kitchen. Оваа одлука претставуваше една од моите најдобри инвестиции во себе и единствено жалам што порано не се одлучив на ваквиот чекор.

 

 

Зошто баш графички дизајн?

Креативец сум откога знам за себе, а од мали нозе сум опкружена со уметноста во сите нејзини форми. Пасијата кон естетиката ми ја вроди мојата мајка, по професија ликовен уметник, и таа љубов едноставно никогаш не згасна.

 

 

Својата кариера како графички дизајнер ја започна токму во Brainster. Раскажи ни го твоето кариерно патување.

Само неколку месеци по завршувањето на Академијата конкурирав како алумни студент за една од отворените позиции, имено за графички дизајнер, во Brainster. После успешното интервју бев исконтактирана од HR тимот и за многу кратко време станав дел од еден феноменален тим со одлична енергија. Навистина ми претставува големо задоволство што моето патeшествие како графички дизајнер започна токму во компанијата којашто ми ја овозможи оваа кариерна трансформација.

 

 

Како изгледа еден работен ден на еден графички дизајнер? Кои се твоите главни задачи и обврски?

Прва обврска во денот е состанок и sync со дизајн тимот каде се распределуваат работни обврски, се споделуваат мислења и се даваат конструктивни критики. Кога не се дискутира за конкретните работни задачи, доста често се споделуваат инспиративни содржини кои дополнително ја поттикнуваат креативноста. Генерално, задачите се состојат од дизајнирање на креативи за социјалните медиуми и веб-страниците на Brainster. 

 

 

Опиши ни ја атмосферата во дизајн тимот.

Максимално позитивна и супер friendly! Уште од првиот ден наидов на одличен прием и однос кој многу ми ја олеснува адаптацијата. Особено, како џуниор графички дизајнер и почетник во областа, во ниту еден момент не се почувствував оставена сама на себе, а поискусните колеги несебично го споделуваат своето време и знаење со цел побрзо и полесно да се вклопам во работниот процес. Целиот тим е подготвен во секој момент да помогне и истиот прави уште повеќе да си ја сакам работата и професијата.

 

 

Кој е најголемиот предизвик со којшто се имаш соочено досега? Која е тајната за надминување на предизвиците?

Бидејќи сум прилично нова во областа на графичкиот дизајн, сѐ уште не сум наишла на предизвик кој би можела да го класифицирам како (по)специфичен. Меѓутоа, за време на завршниот проект на Академијата, каде имавме работа на реален проект, ми се случи најголемиот креативен блок и беше вистински предизвик да се надмине. На крајот, тоа што помогна да се продолжи со креативниот процес беше дистанцирање од самиот проект и мал рестарт со активности кои не се поврзани со дизајн. Сето ова придонесе кон добивање на свеж поглед на дизајн решението и нов наплив на инспирација.

 

 

Омилен модул и зошто?

Уф! Навистина е тешко да се одбере само еден. Секој модул беше совршено структуиран на начин на кој темелно го опфаќаше тематскиот дел што се обработуваше, а секој инструктор одлично го пренесуваше своето знаење и искуство. Сепак, јас лично најмногу се пронајдов во модулот лого и бренд идентитет на инструкторот Александар Нофитоски.

Стануваше збор за модул каде имавме работа на реален проект и за истиот требаше да се фокусираме на повеќе аспекти како што се: темелно истражување, создавање на впечатливо лого, дефинирање на колор палета, одбирање на соодветна типографија, како и креирање на social media posts. На крај, сето ова требаше успешно да биде адаптирано на различни branding материјали. 

 

 

Најважна лекција што ја научи на Академијата за графички дизајн?

Никогаш не престанувај да учиш и да се надградуваш. Дури и кога мислиш дека се си научил, верувај дека не е така и дека секогаш има простор за напредување. Исто така, дозволи си да ти се случуваат креативни блокови, и тие се дел од дизајн процесот и сѐ што ти треба е reset. 

 

За крај – твој совет до сите оние коишто размислуваат за кариерна промена во насока на графички дизајн?

Дефинитивно да не се двоумат и нека излезат од својата комфорна зона, бидејќи ретко кој зажалил откако го направил тоа. Графичкиот дизајн е одлична кариера за луѓе кои се креативни и уживаат во комбинацијата на уметноста и технологијата. Имајќи предвид дека дизајнот е неизбежен дел од скоро секоја област од секојдневието, можностите за да се биде дел од нови и возбудливи проекти, но и за постојано учење се речиси бесконечни. Така што, доколку сте креативни и уживате во креативното изразување, графичкиот дизајн е одлична можност за оживување на вашите идеи.



Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!