Happy February! ☃️
Секој ден ни носи шанса за нов почеток, нова лекција и нова кариерна трансформација. Па затоа, не се фокусирајте на неуспесите и „грешките“ од вчера. Не го чекајте „вистинското време“ за да започнете со вашето кариерно патување и започнете го денот со позитивни мисли и очекувања!
Spoiler alert: Опсесивната грижа кон нашите студенти резултираше со 21 вработувањa и пракси во јануари.
Па така, новостите од месец јануари се однесуваат на: проектот Ваучери, подобрувањето на искуството на нашите студенти, најважните моменти од 2021 година, трендовите што ќе ја одбележат 2022 година и многу кариерни трансформации.
- Започна проектот Ваучери 2.0
Овој проект содржи тест каде што учесниците ќе имаат можност да се натпреваруваат за да добијат вредносни ваучери до 2.500 евра коишто ќе можат да ги искористат за упис на некоја од нашите Академии. Целта е да ги пронајдеме оние кои се доволно мотивирани за успешно да се соочат со предизвикот и да зачекорат во ИТ или дигиталната индустрија и на истите да им пружиме поддршка уште од самиот почеток. Дознај повеќе!
- Најважните моменти во 2021 на Brainster Академиите
Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните моменти што се случија на нашите Академии во 2021 година:
- Академија за дигитален маркетинг
- Академија за Software Testing
- Академија за Front-End & Full-Stack
- Академија за графички дизајн
- Академија за UX/UI дизајн
- Академија за Data Science
- Кои се трендовите кои ќе ја одбележат 2022 година?!
2021 беше година кога многу компании се соочија со предизвикот како да привлечат, мотивираат и да ги задржат вработените што се потребни за една компанија да успее на пазарот. А, исто така, луѓето се соочија со предизвик да направат кариерни трансформации и да ги развиваат своите дигитални вештини. Секоја област има свои топ трендови кои се атрактивни и со кои ќе ја одбележи 2022 година.
Дознај повеќе за:
- Project & Product Management трендови во 2022
- Трендови за човечки ресурси во 2022
- Data Science трендови во 2022
- Трендови во графички дизајн во 2022
- UX/UI дизајн трендови во 2022
- Трендови, алатки и настани во дигитален маркетинг за 2022
- Software Testing трендови во 2022
- Трендови во Front-End програмирање за 2022
- Трендови во Full-Stack програмирање за 2022
- Склучено е првото партнерство за вработување на студенти од Академијата за Project & Product Management
Во овој блог имате можност да се запознаете со компанијата LudoTech – првите партнери за вработување на Академијата за Project & Product Management. Си поразговаравме со Давид, ко-основач и CEO на Ludo, за нашето партнерство и зошто Академијата за Project & Product Management е една од најветувачките професии на иднината. Дознај повеќе!
- CoinTracker – реален проект на Академијата за Front-End програмирање
Како дел од програмата на Академијата за Front-End програмирање, студентите имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент. Овој проект го работеа како завршен, со што ја комплетираа програмата и ја завршија со одличен успех Академијата. Тимот имаше задача како завршен проект да ја изработи спецификацијата за апликацијата CoinTracker. Дознај повеќе!
- Adobe Illustrator – моќна алатка за дизајн
Прочитајте што Сергеј Спировски – инструктор на Академијата за графички дизајн и Академијата за UX/UI дизајн, има да каже за 5-те примени кои го прават Adobe Illustrator моќна алатка. Adobe Illustrator е векторска алатка која користи математички равенки, форми, точки и линии за креирање на дела кои се чисти, односно, поедноставно кажано – она што го дизајнираме можеме да го зголемуваме бесконечно без да изгуби квалитет. Дознај повеќе!
- Нов инструктор на Академијата за Project & Product Management
Запознајте ја Даринка Буровска – нашиот нов инструктор на Академијата за Project & Product Management, а воедно и Product Manager во hyper-growth fintech startup во Берлин. Во нејзините 5 години искуство во Product Management, таа има работено на B2B и B2B2C продукти, од лансирање на нов продукт, до менаџирање на продукт со повеќе од 1 милион корисници. Дознај повеќе!







- Нови успешни приказни
Ги раскажавме приказните на: Иван, Ана, Игор, Боби, Христина, Ана, Ивана, Катерина, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец
Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
До следниот месец!
Тимот на Brainster ❤️