Тимот на Co-innovation & Hiring верува во долгорочни и квалитетни партнерства кои се од взаемен бенефит како за студентите кои ја започнуваат својата нова кариера, така и за партнерите кои своите тимови ги збогатуваат со млади таленти. Токму поради ова сме секогаш возбудени кога ги претставуваме наши нови партнери!
Во овој блог имате можност да се запознаете со компанијата LudoTech – првите партнери за вработување на Академијата за Project & Product Management.
Си поразговаравме со Давид, ко-основач и CEO на Ludo, за нашето партнерство и зошто Академијата за Project & Product Management е една од најветувачките професии на иднината
Здраво Давид, најпрво сакаме да ти се заблагодариме што одвои време за да присуствуваш на ова интервју. Кажи ни нешто за себе, твојата позадина и моменталната работна позиција?
Здраво, јас сум Давид ко-основач и извршен директор на компанијата Ludo, моето искуство е во делот на инвестициско банкарство и во моментот сум одговорен за долгорочната визија и стратегија на компанијата.
Веќе подолго време соработуваме со Ludo, меѓутоа од неодамна склучивме и официјално партнерство за вработување. Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за Ludo, проектите на кои работите и која е вашата визија за иднината?
Нашето потекло е од Франција како и големиот број на клиенти кои се од таму. Агенцијата е ко-основана со еден од моите пријатели кој е CTO директор на компанијата и е одговорен за обука на инженери, кои ги водат проектите.
Во моментов, работиме на повеќе B2B SaaS проекти за нашиот главен клиент Jellyfish, која е една од водечките агенции за дигитална трансформација во Европа.
Нашиот план за оваа година е да ги зајакнеме нашите вештини и знаења во Project & Product Management за да ни помогне да управуваме со проектите на клиентите од почеток до крај.
Ова е главната причината зошто го контактиравме Brainster бидејќи видовме некои реклами за Академијата за Project & Product Management, а воедно имавме претходни добри искуства со нив.
Како функционира процесот на регрутирање на нови кадри во вашата компанија? Кој е профилот на кандидати кои најчесто ги барате?
Најпрво вака, сакаме кандидати кои се мотивирани, амбициозни, проактивни, навистина страствени за она што го работат без разлика дали тоа е програмирање, дизајнирање или илустрација. Поконкретно, бараме кандидати со одредено професионално искуство кои сакаат да ја развиваат својата кариера во нивните соодветни области, да го искажуваат своето мислење, да учат и да напредуваат. Нашата изрека е „вработуваме луѓe, а не вештини“ и која засега доста добро функционира.
Досега имате вработено 2ца студенти од Академијата за UX/UI дизајн на Brainster, а сега ќе бидете и првите партнери за вработување на Академијата за Project & Product Management. Што беше за вас мотивација, а и што беше пресудно за склучување на партнерство со Brainster?
Имавме позитивно искуство во однос на студентите од Академијата за UX/UI дизајн бидејќи правевме интервјуа и разговори со мотивирани кандидати. По одреден скрининг на локални таленти на пазарот, не можевме да најдеме кандидат што одговара на нашите барања, па решивме да ангажираме кандидат кој ние интерно ќе го развиваме. Знаејќи дека Brainster штотуку лансираше Академија, партнерството со нив би била одлична можност за соработка со студентите кои успешно ја завршиле Академијата за UX/UI дизајн и кои веќе добиле солидни предзнаења од сите професионалци кои учествуваат во овој проект.
Project & Product Management е една од нашите најнови Академии. Зошто сметате дека Project & Product Manager е една од најперспективните професии на иднината?
Како што ИТ пазарот расте и деловното опкружување станува сè повеќе дигитализирано со сложени проекти, компаниите ќе треба брзо да донесат услуги и производи на пазарот. Проект и продукт менаџерите се оние кои можат да обезбедат непречена испорака и да го ограничат ризикот од проблеми кои се случуваат во текот на развојот на тие производи. Тоа е исто така една од најперспективните професии бидејќи можностите се речиси неограничени во секој сектор.
Каков е според тебе идеалниот профил на кандидат за вработување од областа на Project & Product Management?
Не постои идеален профил за проектен или продукт менаџер. Основните вештини се дефинитивно поважни од техничките. Продукт/проект менаџерот што следи процес на методско размислување им олеснува да го образложат пристапот на проблемот и да ги предложат следните чекори. Сметам дека некои од квалитетите и вештините кои се задолжителни се: емпатија, креативност, слушање и способност за стратешко размислување.
Како според тебе една копанија може најефективно да ги пронајде, задржи и развива најталентираните кадри?
Како и повеќето во компаниите, ние имаме за цел да предложиме интересни и предизвикувачки проекти, за луѓе кои сакаат да направат кариера во нивните области и можност за раст и развој. Во однос на привлекување и задржување на талентите, најважно е пред сѐ, компанијата да има изградено бренд на работодавач кој се грижи за своите вработени и нивното задоволство. Градењето бренд на работодавач е задолжително, но потребно е време.
За крај, ти благодариме за одговорите. Што имаш да им препорачаш на сите студенти кои се заинтересирани за оваа професија, а и на сите компании кои сакаат поефективно да ги пронајдат и да ги задржат своите таленти?
На сите студенти кои се заинтересирани за оваа професија, ќе им кажам обидете се да разговарате барем со професор или инструктор од Академијата за Project & Product Management, професионалец преку кои можете да се информирате и да разберете каков е денот на еден типичен проект/продукт менаџер.
Да продолжат и понатаму да бидат љубопитни и секојдневно да читаат, истражуваат и учат од најдобрите практики кои ги применуваат светски познатите компании и нивните професионалци.
Доколку сакате да дознаете повеќе за компанијата и можности во Ludotech, контактирајте нè на [email protected]
Доколку сакаш да си дел од Project & Product менаџмент заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата тука.
Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!