Сергеј Спировски е нашиот нов инструктор на Академијата за графички дизајн и Академијата за UX/UI дизајн, а воедно и дел од Дизајн тимот на Brainster. Има дипломирано на Машинскиот факултет во Скопје со насока индустриски дизајн. Преку ден е инструктор и графички дизајнер во Brainster, а навечер слободното време го користи за 3D дизајн и илустрација.

 

Прочитајте што Сергеј Спировски има да каже за 5-те примени кои го прават Adobe Illustrator моќна алатка

 

Adobe Illustrator е векторска алатка која користи математички равенки, форми, точки и линии за креирање на дела кои се чисти, односно, поедноставно кажано – она што го дизајнираме можеме да го зголемуваме бесконечно без да изгуби квалитет.

Тоа го прави моќен софтвер кој има широка примена и тоа за: дизајнирање на лого, бренд идентитет, илустрации, икони, постер дизајн, типографија и работи кои се наменети за принтање.

 

  • Логоа

Една од многуте причини зошто се користи Adobe Illustrator за дизајнирање на логоа е поради потребата на истите да се аплицираат на различни димензии, од мали димензии за аплицирање на визит карти до огромни димензии за аплицирање на излог или билборд. За оваа цел е потребно да се користи векторска алатка како Adobe Illustrator за да можеме лесно да ја манипулираме големината на логото без да изгуби квалитет. Палетата од алатки за прецизно и брзо работење со форми и точки што ги содржи Adobe Illustrator ја прават да биде најкористената алатка за дизајнирање на логоа.

 

  • Илустрации

Како и самото име на алатката што ни потенцира, Adobe Illustrator има широка примена и во полето на илустрација. Погоден е за цртање на чисти, прецизни и геометриски илустрации. Располага со многу алатки за манипулирање на боја, прелевање на боја и сенчање на форми.

 

  • Типографија

Adobe Illustrator располага со голем број на алатки кои ни овозможуваат игра со фонтови, како што се: менување на висина, големина, кернинг, трекинг, ротација, различни видови на пишување, боја, додавање ефекти, претворање на фонт во форма и дополнително дизајнирање на букви итн..

 

  • Постер дизајн

Постерите претставуваат микс од графички и текстуални елементи кои служат за да пренесеме некоја порака, да направиме промоција на одреден настан или за декорација во простор. Комбинацијата на алатките за цртање на форми и алатките за манипулација на текст го прават Adobe Illustrator погодна алатка за дизајнирање на постери.

 

  • Дизајн на бренд идентитет

Бренд идентитет претставува збир од сите визуелни елементи како боја, дизајн, лого и сл. со кој се карактеризира и кои го опишуваат тој бренд. Процесот на градење на визуелениот дел од бренд идентитетот започнува токму во Adobe Illustrator, односно дизајнот на логото, патерните, дефинирањето на боите, изборот на фонт, па сѐ до дизајн на визит карти, тефтери, маици и други корпоративни елементи.

 

И сосема за крај, со претходно наведените примени на Adobe Illustrator, се обидов да покријам дел од неговите позитивни работи. Се надевам дека ова ќе ти даде желба и мотивација за што следно да почнеш да учиш и да искористиш во креирање на твојот следен проект. 

Стекни се со неопходниот сет вештини кои се очекува да ги поседуваат денешните графички дизајнери на Академијата за графички дизајн во Brainster, учи по програма базирана на најновите трендови од светот на дизајнот, директно под менторство на нашиот тим од посветени ментори и долгогодишни професоналци во областа.

 

Уписите за следната група на Академијата за Графички Дизајн се во тек! Интересот е голем, а бројот на места ограничен, затоа резервирај го твоето место навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!