Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 7 моменти што се случија на нашата Академија за Data Science во 2021 година:
- Воведена подготвителна програма на Академијата за Data Science
Науката за податоците можеме да ја класифицираме како една од најпредизвикувачките полиња за изучување во денешницата. Со цел уште на самиот почеток да им помогнеме на студентите за полесно совладување на предизвикот, на Академијата за Data Science воведовме подготвителна програма на почетокот на Академијата пред официјалното стартување на модулите. Ова е self-paced програма каде што студентите се спремаат за почетокот на наставата. Така, уште пред да започне Академијата сите студенти добиваат исти можности да изучуваат 2 недели подготвителна програма и да имаат еднаква појдовна точка за успешен старт на кариера во областа на Data Science.
- Peer-2-Peer сесии со студентите за поттик на меѓусебна соработка
Од сите студенти на Академиите се трудиме да го извлечеме максималниот потенцијал и да ги поттикнеме покрај индивидуални вештини да развијат и дух на тимски играчи. На Академијата за Data Science воведовме и Peer-2-Peer сесии каде што студентите меѓусебно си помагаат и си споделуваат материјали и дискусии. Обично на овие сесии работат на некои домашни задачи, можеби некои case studies или пак дискусии околу поминатите теми од Академијата. За дополнително подобрување на искуството воведовме и алумни и кариерни сесии, коишто досега се покажаа како многу корисни за студентите.
- Одржан првиот Хакатон на Академијата за Data Science
Еден од модулите коишто се изучуваат на Академијата за Data Science е модулот математика и статистика, а токму по овој модул беше одржан и првиот Хакатон на Академијата – Analysis and statistic’s model building for medicaments efficacy and aiding medicine related scenarios via prediction of drug adequacy. Хакатоните се одлични 48 часовни предизвици каде што студентите имаат прилика да работат на реален проект за реален клиент. Така тие се натпреваруваат меѓусебе и ги тестираат нивните знаења и вештини во пракса.
- Реализирани реални проекти проекти
Финалниот чекор кој треба да го преземат студентите за завршување на Академијата за Data Science е изработка на завршен проект. Предизвикот е да се сработи реален проект за реален клиент во кој ќе го покажат целото стекнато знаење за време на Академијата. Студентите од Академијата за Data Science за време на предавањата се стекнуваат со знаења и вештини за изработка на модели коишто ја предвидуваат иднината, а финалниот проектот на којшто работеа беше од сферата на медицината и направија модел кој предвидува кои заби имаат кариес или пак некоја друга болест гледано од X-реј снимки.
- Бесплатен онлајн курс по машинско учење
Brainster и во 2021 година се потруди да им даде дополнителна вредност на студентите и затоа организираше бесплатен онлајн курс по Машинско учење. Ивона Ристова е асистент на модулот по машинско учење на Академијата за Data Science и токму таа го пренесе своето долгогодишно искуство на минатогодишниот бесплтен курс. На него се приклучија голем број љубители на Data Science, а Ивона се потруди на секој да посвети максимално внимание и со задоволство ги одговараше сите поставени прашања. Погледнете ги најпопуларните Data Science вебинари.
- Заменет редоследот на изучување на модулите математика, статистика и Python
За подобар тек на искуството на студентите и подобро совладување на покомплексните материјали беше заменет редоследот на изучување на модулите математика и статистика и Python. Претходно, прво се учеше модулот математика и статистика во Excel, а сега направивме промена и студентите прво го учат програмскиот јазик Python, па потоа модулот математика и статистика го работат во Python. Така, студентите добиваат дополнителни 8 недели за усовршување и пракса во пишување на овој програмски јазик кој понатака многу им користи во модулот на машинско учење.
- Вработување на студентите во домашни и интернационални компании
Во денешно време многумина се одлучуваат да направат кариерна трансформација, да научат нови дигитални вештини или пак да ги надградат вештините што веќе ги поседуваат. На Академијата за Data Science обучивме голем број амбициозни студенти коишто преку активно и внимателно следење на предавањата и земање учество во реални проекти за реални клиенти се стекнаа со едни од најбараните вештини на денешницата и станаа компетитивни на пазарот на труд. Brainster се потруди успехот којшто студентите го постигнале за време на Академијата да продолжи и по нејзиното завршување и им помогна да се вработат или да влезат на пракса во реномирани домашни и интернационални компании. Повеќе за успешните приказни на нашите студенти можете да прочитате тука.
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!