Ако си front-end девелопер или се стремиш за кариера во ова поле, важно е постојано да бидеш во тек со најновите трендови што ја обликуваат оваа индустрија.

Дел од новините што беа клучни во 2021 година се веќе застарени. 2022 година е време за нови идеи и концепти.

Еве некои од трендовите за front-end програмирање што ќе ги видиш оваа година.

 

1. React ќе остане најкористената библиотека за клиентите

React ќе остане најкористена библиотека за JavaScript од страна на клиентите. Покрај тоа React има и убедливо најголема онлајн заедница. Во 2022, може да очекуваме драстично подобрување на JavaScript библиотеките кои што преземаат новини едни од други. Истовремено, JavaScript ќе продолжи да биде неопходен програмски јазик за секој front-end програмер. 

 

 

2. TypeScript ја зголемува популарноста

Паралелно со подемот на JavaScript, ќе продолжи растењето и популарноста на TypeScript како програмски јазик изграден врз основа на JavaScript од страна на Microsoft. Во 2021 речиси во секој оглас за front-end девелопер го имаше TypeScript како дел од потребните квалификации и оваа пракса ќе продолжи и годинава.

 

3. Статичните веб-апликации се враќаат на сцена

Статичните веб-апликации се една од новините во front-end светот што се враќаат сега. Нивната предност се состои во тоа што не им е потребна никаква база на податоци за зачувување на податоците, поевтини се за развој, побезбедни и побрзи од динамичните. Ова значи дека на front-end програмерот нема да му треба back-end апликација/програмер за да креира статична веб-апликација.

 

 

4. Повеќе CSS анимација при дизајн на кориснички интерфејс

Иако минималистичкиот дизајн секогаш е во тренд, дел од корисниците почнаа да бараат нешто поинтензивно. Во 2022 година, CSS анимацијата ќе го направи веб-дизајнот уште попривлечен, незаборавен и ќе го подобри целосното корисничко искуство.

Главната причина за зголемената популарност на CSS анимацијата е тоа што оваа алатка им овозможува на програмерите да додаваат анимации без детално познавање на JavaScript или jQuery. Сепак, важно е да не се претера со анимирање, бидејќи може да има спротивен ефект.

 

5. Next.js полека, но сигурно го презема тронот

Full-Stack Web Framework како Next.js ќе биде биде нашироко користен во светот на front-end програмирањето во 2022 година. Зголемената употреба се должи на брзиот развој на user-friendly Single Page апликации, подобрата оптимизација на пребарувачи и индексирање на Google и лесното создавање на full-stack веб апликации само со JavaScript. Next.js e новиот React.js и комбиниран со TypeScript ќе биде еден од најкористените frameworks за секој front-end програмер.

 

 

Алатки за Front-End програмирање што ќе доминираат во 2022 година

  1. Visual Studio Code
  2. Figma
  3. Chrome’s React Developer Tools
  4. Vercel hosting service
  5. Firebase

 

Настани што треба да ги следи секој Front-End програмер во 2022

  1. StrapiConf 2022
  2. JSDays 2022
  3. GatsbyConf
  4. React Conference Live
  5. Conf42 JavaScript 2022

 

Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да ги пробаш трендовите напишани погоре во пракса и да градиш нови успешни приказни во 2022, дознај повеќе за Академијата за Front-End програмирање.

На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот тим за повеќе насоки и детали за програмата!

Како до 1.000.000€? 🤫