Запознајте го Игор Димовски – алумни студент од Академијата за Software Testing кој веднаш по неговото завршување на програмата, ја започна својата кариера во светот на софтверското тестирање како QA Intern во компанијата Netcetera.

 

Си поразговаравме со Игор за неговото ново работно место и студентските денови

 

Здраво Игор. Пред сѐ, честитки за почетоците на твојата кариера! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите?

Здраво на сите! Јас сум Игор Димовски, дипломиран биоинженер и алумни студент на Brainster Академијата за Software Testing.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Да, Академијата има фокусирана и одлична програма што ми даде подлога за да ја започнам својата кариера. Стекнав и многу пријателства со колеги со кои и ден денес сум во контакт.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Автоматско тестирање. Сè што инволвира код и кодирање ми привлекува внимание, така и автоматското тестирање. Гранка од тестирањето што непрекинато се развива и има можност многу да се учи и напредува.

 

Започна да ја градиш својата кариера како QA Intern во компанијата Netcetera – Software Matters. Раскажи ни го твоето кариерно патување.

Добив можност на практикантска позиција на Digital-payments solutions, проект каде што работам на автоматизација на тестови и нивно одржување. Покрај тоа инволвиран сум и во тестирање и верификација на нови и постоечки features.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на софтвер тестингот?

Без разлика од која професија доаѓате секоја промена е возможна со многу труд и посветеност. Академијата за Software Testing e отскочна даска во море од можности.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!