Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 7 моменти што се случија на нашата Академија за графички дизајн во 2021 година:

 

  • Запишани вкупно 124+ студенти, оформени се 5 групи 

За Академијата за графички дизајн, 2021 година беше уште една успешна година поготово за оние коишто се одлучија да го збогатат своето знаење или пак да направат кариерна трансформација во сферата на дизајнот. Оваа година се запишаа повеќе од 120 студенти од кои беа оформени 5 групи, а 2 од нив се на самиот крај на успешно завршување на Академијата и ги прават последните подготовки за лансирање на нова кариера.

 

 

  • Збогатување на програмата со два нови модули 

Следејќи ги најновите барања на пазарот, воведовме два нови модули со коишто ја збогативме програмата за идните графички дизајнери да ги направиме уште покомпетитивни на пазарот. Го воведовме модулот Motion design каде што со изучување на алатката After Еffects студентите ќе научат да изработуваат анимации и да ги придвижуваат нивните дизајни. 

Со целата ситуација со пандемијата која ја стави на тест можноста за работа, freelancing-от се покажа како пресвртна точка за успешно продолжување на кариерата. Затоа, вториот модул којшто беше воведен е модулот за Freelancing каде студентите се запознаваат со можностите за започнување на фриленсинг кариера по завршување на Академијата.

 

 

  • Збогатување на тимот на инструктори на Академијата за Графички дизајн

Воведувањето на нови модули и постојаниот стремеж да им дадеме што поголема поддршка на нашите студенти ја создаде потребата од збогатување на нашиот тим на инструктори на Академијата за графички дизајн. Секој од нашите инструктори е експерт во својата област со долгогодишно работно искуство, па со голема чест ви ги претставувавме новите инструктори на Академијата за графички дизајн:

  1. Сергеј Спировски – Илустратор
  2. Кирил Николовски – Фотошоп
  3. Александар Поповски – Motion design

 


  • Расте бројот на вработувања и пракси кај студентите

Целта на нашиот тим за Co-innovation & Hiring е да ги вработи сите студенти од Академиите и да им помогне да си ги следат своите кариерни патишта. Горди сме што можеме да кажеме дека покрај тоа што студентите имаат доверба во нас за времетраење на Академијата, тие целосно ни ја доверуваат својата иднина, а ние ги даваме сите наши напори за да ги реализираме нивните желби и амбиции. Како доказ на тоа се и постигнатите бројки на вработувања и пракси кај студентите од Академијата за графички дизајн изминатава година. Повеќе за успешните приказни на нашите студенти можете да прочитате тука.

 


 

  • Работа на реални проекти со реални партнери

За целосно да се осознае одредена област пожелно е да се работи на реални проекти. Затоа во рамките на нашите Академии предвидено е студентите да учат токму преку работа на реални проекти со реални компании на пазарот. Им го овозможуваме ова со цел да добијат подобар увид во реалноста на предизвиците коишто ги носи работењето, а не само слепо да се впуштат во градењето на својата кариера. Ова се дел од реалните проекти на кои работеа нашите студенти преку коишто ги докажаа своите амбиции и постигнаа извонредни резултати:

 

 

  • Завршни проекти

Со цел успешно завршување на Академиите, студентите треба да ги изработат своите завршни проекти на коишто треба да го покажат целото стекнато знаење. Студентите од Академијата за графички дизајн  изминатава година имаа можност своето знаење да го преточат во завршните проекти за Шаховскиот сојуз на град Скопје каде што вложија голем труд во креирање на ново лого, како и за креирање на целосен редизајн на надворешниот изглед на Food Hood.

 


 

  • Учество на cross-academy хакатони 

Во текот на Академијата за графички дизајн, студентите имаа предизвик да работат на 48-часовни Хакатони каде што групите кои учествуваа покажаа одлични резултати. Едниот Хакатон на којшто студентите имаа можност да ги покажат своите вештини е всушност најголемиот Хакатон досега организиран од Brainster. Задачата на студентите од Академијата за графички дизајн беше да креираат визуелен идентитет за клиентот VA Engineering.

Другиот Хакатон на којшто работеа студентите од Академијата за графички дизајн е со слична големина, сеопафтност и важност како и интернационалниот Хакатон. Студентите од Академијата за графички дизајн имаа задача да креираат бренд идентитет, име и лого за „White Noise for Productivity Boost“, а фактот што токму Brainster беше нивен клиент ги поттикна навистина да го дадат својот максимум и да ги покажат своите вештини и знаења.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.