Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 7 моменти што се случија на нашата Академија за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање во 2021 година:

 

  • Реструктурирање на програмата на Академијата за Front-End програмирање и воведување нови модули: SASS, Next.JS и Typescript, како и реструктурирање на програмата на Академијата за Full-Stack програмирање и програмски подобрувања како модулот SASS и дизајн патерни во PHP

Новите модули ќе ги заокружат знаењата кои студентите ги стекнуваат на нашата Академија за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање, а нивниот сет на програмерски вештини ќе биде многу порелевантен на побарувањата во ИТ секторот. Ревидирањето на постоечките модули и нивната оптимизација несомнено ќе биде многу поефикасна и ќе донесе многу поголема вредност за студентите, а со тоа и започнувањето на кариера како веб девелопер веднаш по завршувањето на Академијата многу поостварлива. Дознајте повеќе.

 

 

  • Подобрена структура на процесот на работа на реални проекти

Процесот на работа на реални проекти е внимателно осмислен и структуриран на тој начин што опфаќа и елементи од агилната методологија за развој на софтвер, ретроспективни и демо состаноци, тимска работа и поделба на улоги.  Работата на проектите се одвива според добро структурирана временска рамка, фази и цели/очекувања, која на студентите им овозможува подобро планирање на работата на проектот, а со тоа и многу поголема успешност во завршувањето на истиот. Тематиката и технологиите кои се користат за изработка на проектите се во согласност на најсоврементите трендови во веб девелопмент. Дознајте повеќе.

 

 

  • Подобрена подготвителна програма

Подготвителната програма вклучува колекција на внимателно избрани едукативни ресурси во различни формати (видео, линкови, интерактивни ресурси и сл.) кои студентите ги поминуваат во свое темпо, но понудени се и неколку предизвици – вежби преку кои студентите се подготвуваат за индивидуална практична работа и стекнуваат real feel за понатамошните реални проекти кои ќе ги изработуваат за време на официјалниот дел на програмата. Дознајте повеќе.

 

 

Во насока на подобрување на постигнувањата на студентите, но и нивната подготвеност за вработување по завршувањето на Академијата, воведовме процес на самоевалуација на студентите преку кој студентите имаат можност да си направат самостојна проверка на постигнувањата, да откријат кои се темите/областите на кои добро перформираат, а на кои треба да поработат дополнително. Од голема важност е и тоа што преку серијата прашалници кои студентите ги добиваат на одреден временски период и/или по завршување на одреден модул, студентите ги надградуваат вештините за апстрактно размислување и решавање на проблеми.

 

 

  • Одржани се 3 cross-academy хакатони во 2021
  1.  Шум
  2.  VA Engineering
  3. Специјална Олимпијада – Станува збор за продукт кој претставува дигитална платформа за клиентот Специјална Олимпијада, кој Brainster ќе го лансира по неговата целосна изработка. На хакатонот учествуваа мешани тимови од Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање, а нивната цел беше да се подготви целосно функционално решение врз основа на победничкото решение кое го изработија студенти од Академијата за UX/UI дизајн.

 

 

  •  Воведување на Freelance модул

На Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање не престануваме да иновираме и да се трудиме да понудиме најдобро искуство за студентите. Во таа насока, организираме и модул за freelance, преку кој нашите студенти ќе ги стекнат неопходните вештини за старт на својата кариера и да уживаат во придобивките кои ги овозможува работата како фриленсери. Модулот за freelance се организира на крајот на програмата на секоја Академија.

 

 

  • Вработувања и пракса на голем дел од студентите

Во соработка со центарот за Co-innovation & Hiring, голем дел од студентите успеаја да ја остварат својата цел и да стартуваат кариера како веб девелопери во некоја од домашните или странски ИТ компании.

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.