Запознајте го Иван Маринов – алумни студент од Академијата за Software Testing, кој направи кариерна трансформација во сферата на софтверското тестирање и започна да работи како Software Tester Intern во компанијата IT Labs, каде што со задоволство ќе продолжи да ги надградува своите вештини.

 

Си поразговаравме со Иван за неговото ново работно место и студентските денови

 

Здраво Иван. Пред сѐ, честитки за почетоците на твојата кариера! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите?

Здраво на сите! Јас сум Иван Маринов имам 31 година, студент од Brainster Академијата за Software Testing и моментално практикант во IT Labs.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Академијата за Software Testing позитивно ме изненади и ги надмина моите очекувања. Кога се запишав на Академијата немав никакво претходно искуство и мислев дека со тоа би имал проблем да го совладам материјалот, но структурата на модулите и одличниот тим на ментори го потврдија спротивното. Исто така, морам да се заблагодарам за поддршката која ја добив по завршувањето на Академијата, тимот на Brainster беше и сè уште стои позади мене, за мојот сон што побрзо да стане реалност.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Автоматско тестирање – комплексноста и можностите на самиот метод. Фасцинантен е моментот кога почнуваш да го смислуваш самиот код, па потоа го гледаш резултатот, како се отвара апликацијата и дека секој процес што го прави е тоа што ти си го напишал.

 

Започна да ја градиш својата кариера како Software Tester Intern во компанијата IT Labs. Раскажи ни го твоето кариерно патување.

Покрај многуте работни позиции што ги имам работено во минатото, конечно можам да кажам дека го работам тоа што го сакам. Веднаш по завршувањето на Академијата, во соработка со тимот на Brainster најдов пракса во IT Labs каде што се надевам дека ќе ја продолжам мојата кариера.

 

Што можеш да ни споделиш за оваа компанија? Која е нејзината дејност?

IT Labs е софтверска компанија која има 5 официјални претставништва (US, Македонија, Србија, Холандија и UK), но има тимови низ целиот свет. Постои од 2005 година на пазарот. Сервисно и продуктно-ориентирани како компанија, односно работи на наши и клиентски продукти, а во моментов брои над 200 вработени.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на софтвер тестингот?

Да не се мислат ни минута повеќе и ако сакаат да направат промена во кариерата, Brainster Академијата е првиот чекор. Мене сè уште оваа промена ми е нереална, но соновите се остваруваат.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!