Запознајте ја Катерина Кимоска – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање која потврди дека со голема упорност и посветеност можат да се совладаат сите предизвици.
По нејзиното завршување на Академијата за Front-End програмирање, Катерина започна да работи како React Developer во интернационалната компанија Orioly, каде ќе продолжи да ги надградува своите вештини.
Прочитајте повеќе што ни раскажа таа за нејзините студентски денови
Здраво Катерина! Ние веќе те знаеме, но што би споделила со останатите? Која е Катерина?
Здраво на сите:). Јас сум Катерина Кимоска, алумни студент на Brainster Академијата за Front-End програмирање, а од неодамна и React Developer во Orioly.
Пред сѐ честитки за успешно завршената Академија и за почетоците на твојата кариера како React Junior Developer. За почеток, кажи ни од каде се роди желбата и зошто се одлучи за овој тип на програмирање?
Благодарам на честитките! Денешното време не може да се замисли без технологија и мислам дека секој од нас мора константно да биде во тек со тој процес, заради тоа што тоа е полето во кое се развива цел свет. Тоа беше една од поглавните работи за да се одлучам за Академијата за Front-End програмирање. Дополнително е тоа што оваа професија е исклучително интересна и полна со предизвици и мене како личност ми одговара целосно.
Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за Front-Еnd програмирање? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?
Академијата беше едно прекрасно искуство и вовед во тоа што нè чека во иднина. Предизвици нормално дека имаше и сè уште има, без нив не напредуваме. Целиот склоп на инструкторите и групата со којашто ја следев Академијата беше полн погодок, особено и поради фактот дека ја пратевме Академијата за време на Covid-19.
По завршувањето на Академијата за Front-Еnd програмирање започна да работиш во компанијата Orioly. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука?
Да, и за таа прилика сум многу благодарна. Orioly е хрватска компанија којашто се занимава со развој на иновативни IT продукти за туристичкиот сектор. Процесот во голем дел вклучува примена на знаењето на сè она што сме го постигнале на Академијата. Целиот тим на Orioly е составен од инспиративни професионалци од кои навистина има многу да се научи, така да јас навистина уживав и сè уште уживам, не само во процесот на запознавање, туку и во секојдневната работа.
Како изгледа еден твој работен ден? Што работиш моментално и кои техники и алатки ги користиш?
Мојот работен ден е исполнет со примена на знаењата при моменталните обврски кои ги имам. Моментално работам на мобилната апликација Orioly. Како што напоменав претходно, во Orioly сум опкружена со навистина прекрасни луѓе кои се целосно достапни за прашања доколку ги имам. Она што мене ми е најважно е дека секој ден со работата се надградувам, буквално наредниот ден ми започнува со рефлектирање на претходниот успешен ден во кој сум се здобила со повеќе знаење.
Што значи Front-Еnd програмирањето за тебе?
Во денешно време, а и во иднина, програмирањето и аналитичкото размислување ќе бидат многу важни поради фактот дека многу работи во светот се автоматизирани. Затоа е толку многу важно да бидеме во тек со овој процес, бидејќи одредени аспекти од секојдневниот живот не можат да се замислат без да се автоматизирани. Дополнително, front-end програмирањето ја има онаа улога каде решава проблеми со што на корисниците им се обезбедува лесна интеракција.
На кое твое достигнување си најмногу горда во животот?
Не постои само едно нешто на коешто сум горда. Секој треба да е горд на сè што прави во животот, поради тоа што склопот на сите тие работи нè довел до денешната верзија од себеси. Така да, нема да бидам скромна и ќе кажам дека сум горда на себе, а нормално оваа Aкадемија има посебен придонес кон тоа.
Каде се гледаш за 5 години во иднина?
За 5 години се гледам како developer со поголемо искуство и многу успешни проекти позади себе. Верувам дека ќе го имам истиот елан и желба за нови работи, така да и за 5 години од сега верувам дека ќе бидам исто возбудена за нови знаења.
За крај, што е она што тебе те убеди да се запишеш на оваа Академија? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера како Front-end програмери и сакаат да преземат ваков чекор?
Она што мене ме убеди е пристапот кој Brainster го има кон своите студенти. Тука мислам на интерактивната настава, достапноста на инструкторите за студентите во процесот на учење, како и континуираноста на програмата. Оние коишто допрва размислуваат за оваа Академија ги охрабрувам да го направат тоа што поскоро. Сигурна сум дека кога ќе започнат и ќе ја почувствуваат возбудата на испишаниот код и резултатот од истиот, ќе разберат дека го направиле вистинскиот чекор.
Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!