2021 беше година кога многу компании се соочија со предизвикот како да привлечат, мотивираат и да ги задржат вработените што се потребни за една компанија да успее на пазарот.
Во 2022 овој предизвик ќе биде во фокусот на сите професионалци за човечки ресурси, бидејќи работењето од дома ги охрабри вработените да не се задоволуваат со помалку отколку што заслужуваат.
Кои се трендовите во областа на човечки ресурси што ги очекуваме во 2022 година?
1. Зголемена флексибилност на работното место
Флексибилната работна средина е еден од најважните критериуми за секој вработен.
Компаниите што нема да се адаптираат на овој пристап и ќе инсистираат вработените да доаѓаат на работа во канцеларија, наскоро ќе се соочат со намалување на бројот на работници.
Паралелно, вработените сѐ повеќе ќе ги ценат компаниите што ќе им овозможат подобра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот:
- Пократки работни часови;
- 4-дневна работна недела;
- Слободни викенди;
- Хибриден модел на работење од дома и канцеларија.
2. Користење на вештачка интелигенција при регрутирање
Вештачката интелигенција ги револуционизираше и човечките ресурси, особено во делот на регрутација на нови таленти.
Алгоритмите базирани на вештачка интелигенција го менуваат начинот на којшто работодавците пронаоѓаат таленти. Тие нудат уникатен увид во кандидатите од различни извори, како на пример нивната активност на социјалните мрежи. Компании како IBM користат вештачка интелигенција за да ги анализираат активностите на социјалните медиуми на потенцијалниот вработен.
За време на интервјуата за работа, вештачката интелигенција ги анализира речениците и изразите на лицето на кандидатот за да се провери дали тој ја кажува вистината или не.
Иако оваа практика можеби делува неетички, таа има потенцијал да ја намали дискриминацијата при вработување и да се создаде разновидна работна сила.
3. Напредни алатки за тимска комуникација
Работењето од дома ја наметна потребата за напредни алатки за комуникација помеѓу работените како:
- Zoom
- Slack
- Skype
- Microsoft Teams
- Facebook Workplace Groups
- Chanty
- Bitrix24
- Fleep
- RingCentral Glip
- Troop Messenger
- Zulip
Во 2022, очекуваме нови технолошки решенија за комуникација што дополнително ќе ја олеснат меѓучовечката комуникација.
4. Нов начин за управување со перформанси на вработените
Ако порано вработените имаа еднаш годишно состанок за своите перформанси, оваа практика нема да биде тренд во 2022 година.
Напредните алатки за човечки ресурси ќе овозможат вработените да добиваат евалуација за својата работа во реално време, континуирано и на интегриран начин.
На овој начин, ќе се создаде постојан циклус на поставување очекувања, евалуација и повратни информации. Вработените ќе бидат посвесни за своите перформанси, а претпоставените ќе можат да бидат поконкретни во своите очекувања.
5. Дигитално учење, обука и развој
Пандемијата создаде одлични можности за онлајн преквалификација и усовршување на вработените. Организациите понудија голем број на обуки или платформи за онлајн учење што ќе им помогнат на вработените да бидат подобри во својата работа.
Овој тренд нема да се промени во 2022 година, бидејќи се докажа дека дигиталното учење, обука и развој на вработените е клучен аспект на напредокот на една компанија.
Дел од организациите воведоа и ден за учење – еден ден од неделата кога вработениот ги паузира своите задачи и се посветува само на учење.
Алатки за човечки ресурси што ќе доминираат во 2022 година
Настани што треба да ги следи секој професионалец за човечки ресурси во 2022 година
- HR Executive Technology Virtual Conference & Exposition
- The State of Changing Work Arrangements 2022
- CIPD Talent Management and Workforce Planning Conference
- Future Workforce Conference
- HR Technology Conference & Exposition 2022
- Hacking HR 2022
- HR and Future of Work APAC
- The State of Human Experience in the Workplace 2022
- Supporting Workplace Wellness & Wellbeing
- The State of Employee Well-being 2022
Доколку сакаш да си дел од заедницата од експерти за човечки ресурси, заедно со нас да ги пробаш трендовите напишани погоре во пракса и да градиш нови успешни приказни во 2022, дознај повеќе за Академијата за Full-stack HR.
На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот тим за повеќе насоки и детали за програмата!