2021 година беше вистински предизвик за дигиталните маркетери. Предизвикот ќе продолжи и во 2022 година, затоа што точно никој не може да каже што ќе ни донесе годината што следува. 

Но, она на што можеме да се потпреме се трендовите, алатките и настаните што најверојатно ќе имаат големо влијание во светот на дигиталниот маркетинг.

Во продолжение, дознај кои се топ 5 трендови во дигиталниот маркетинг за 2022 година.

 

1. Зголемен фокус на SEO 

Алгоритмите за пребарување постојано се менуваат, затоа Search Engine Optimization (SEO) е секогаш приоритет ако сакаш да бидеш на првата страница на интернет пребарувачите.

Како да бидеш во тек со најновите SEO трендови и да рангираш високо?

  1. Секојдневно проверување на актуелните теми преку Google Trends;
  2. Сигурност дека брзо ќе се вчитуваат елементите на веб-сајтот/апликацијата;
  3. Креирање на веб-страница која е разбирлива и лесна за навигација;
  4. Пишување контент кој директно ги одговара прашањата на таргет публиката;
  5. Креирање содржини за луѓето, наместо за Google ботовите;
  6. Вклучување интерни линкови што ќе водат до други страници од веб-сајтот;
  7. Фокус на креирање содржини околу одредена тема, не околу клучен збор.

 

 

2. Заштита на приватноста на податоците на корисниците

Добрата веста е дека спонзорирањето на објави на социјалните мрежи ќе биде исто толку популарно во 2022 година, но овде лежи и една замка при собирањето на кориснички податоци за креирање на таргетирана кампања.

Од пред неколку години, со цел да не се злоупотребат податоците на корисниците на социјалните мрежи, се воведоа повеќе закони со кои се регулира кои информации компанијата може да ги собира и да ги користи за подготовка на персонализирани маркетинг кампањи.

Ова се корисничките податоци кои една компанија смее да ги поседува во својата датабаза:

  • Географска локација;
  • Пол;
  • Возраст;
  • Начини на купување;
  • Комуникациски преференции;
  • Посета и активности на веб-сајт/апликација;
  • Обрасци во однесувањето.

 

3. Користење на моќта на вештачката интелигенција

Вештачка интелигенција ќе биде од голема помош за дигиталниот маркетинг во 2022 на следниов начин:

  • Автоматизирање на платеното рекламирање за да се допре до најрелевантната публика;
  • Користење на чaт-ботови за автоматско одговарање на прашањата за корисниците;
  • Пребарување со гласовна команда;
  • Помош за анализирање и предвидување на идни трендови и барања на корисниците со цел да им се сервира вистинската информација во вистинскко време;
  • Технологија за препознавање на потребите на корисниците преку слика;
  • Бодување на содржина што ќе резонира најдобро со корисниците.

 

 

4. Оптимизација на стапката на конверзија (CRO)

Оптимизацијата на стапката на конверзија на веб-сајтовите може значително да го подобри корисничкото искуство, а со тоа и да го зголеми профитот на компанијата.

Со други зборови, целта зад креирање на веб-сајтовите не е да изгледаат супер, туку да му дадат вредност на корисникот на следниов начин:

  • Веб-страница адаптирана за мобилни уреди;
  • Персонализирано искуство без загрозување на личните податоци на корисниците;
  • Транспарентност за сите детали поврзани со производот/услугата.

 

5. Видео постовите ќе доминираат на социјалните медиуми

Пандемијата ги ​​пресели луѓето на социјалните медиуми, засилувајќи ја нивната улога во нашите секојдневни животи. Како резултат, повеќето маркетинг стратегии исто така се преселија во онлајн сферата. 

Интензивното користење на социјалните медиуми нема да се промени во 2022 година, а во фокусот ќе бидат постовите во форма на видео.

Глобалното влијание на видеата на апликациите како TikTok, Snapchat и Инстаграм нема да изостанат и во нареднава година. 

За максимални резултати од видео маркетингот, треба да се имаат на ум следниве нешта:

  • Објавување на 2-3 постови во форма на видеа неделно;
  • Оптимизирање на видеото со слика, опис и транскрипција;
  • Спонзорирање на видеа што ќе допрат до најрелевантната публика.

 

 

5 алатки за дигитален маркетинг што ќе ти бидат од голема корист во 2022 година

  1. Google Analytics за следење на активностите на веб-страниците;
  2. Hootsuite за закажување на објави за социјалните мрежи;
  3. MobileMonkey за автоматизирање на комуникацијата со корисниците;
  4. MailChimp за подготовка и праќање на мејлови;
  5. Trello за организирање на работните задачи.

 

10 настани за дигитален маркетинг што треба да ги следиш во 2022 година

  1. The CommerceNext Marketing Summit Series
  2. Influencer Marketing World
  3. Social Media Marketing World
  4. Digital Marketing World Forum
  5. Adobe Summit
  6. Digital Summit At Home: Associations
  7. Content Marketing Conference
  8. AMPlify
  9. DigiMarCon Silicon Valley
  10. The B2B Growth Summit

 

Трендовите во дигиталниот маркетинг постојано се менуваат. Најважно е да бидеш флексибилен и да не даваш отпор на промените ако сакаш да се истакнеш и да имаш резултати. Без разлика за кои од горенаведените трендови, алатки и настани се одлучиш, најважно е да го имаш корисникот во фокусот на секоја кампања. 

На крајот на денот, важно е да се запамети дека сите маркетинг активности што ќе ги спроведеш треба да се со цел да им помогнат на твоите потенцијални корисници.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.