Во оваа блог објава, ќе ги запознаете Филип, Александар, Елена, Христина, Павел и Катерина, едни од најактивните студенти на нашата Академија за Front-End програмирање, а воедно и оние коишто покажаа голема страст и посветеност кон материјата за време на предавањата.

Како дел од програмата на Академијата за Front-End програмирање, студентите имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент. Овој проект го работеа како завршен, со што ја комплетираа програмата и ја завршија со одличен успех Академијата.

Тимот имаше задача како завршен проект да ја изработи спецификацијата за апликацијата CoinTracker.

CoinTracker е апликација за следење на месечниот приход, како и на месечните трошоци со можност за поставување на буџетски лимити. Апликацијата CoinTracker треба да биде достапна од мобилни уреди, па од таа причина, мобилната респонзивност беше задолжителна за изработка.

 

Си поразговаравме со студентите од Академијата за Front-End програмирање за нивното искуство при работа на овој реален проект

 

 

Здраво тим! 🙂 Зад вас се неколку месеци напорна работа, многу посветеност кон материјалот, работа на неколку проекти, меѓу кои особено се истакнува завршниот проект со кој ја комплетиравте програмата. Честитки за вашата истрајност. Што би ни кажале за себе?

Филип Крстевски – алумни на Brainster Академијата за Front-End програмирање и студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Александар Тушевски – алумни на Brainster Академијата за Front-End програмирање и изненаден сум што за само една година успеав да реализирам реален проект за клиент.

Елена Столеска – алумни на Brainster Академијата за Front-End програмирање и сметам дека ја донесов вистинската одлука што се запишав на оваа академија бидејќи веќе по една година успеав да направам целосна промена во професијата.

Христина Димитровска – алумни на Brainster Академијата за Front-End програмирање, која пред само 1 година ја донесов најдобрата одлука за целосна кариерна трансформација.

Павел Петрушевски, алумни на Brainster Академијата за Front-End програмирање, пред само една година решив, целосно се посветив и успеав да направам целосна кариерна трансформација.

Катерина Кимоска – алумни на Академијата за Front-End програмирање, а од пред скоро и full-time React Developer во компанијата Orioly..

 

Како работата на реален проект ви помогна да ги развиете своите вештини? 

Филип: Со изработка на последниот реален проект се запознав со популарниот framework ReactJS и за мене новата библиoтека Material UI. Главните вештини за изработка на проектот беа креативноста, одговорноста и посветеноста. Можам да кажам дека Material UI беше предизвикувачка библиотека за учење, но со успешниот проект докажавме дека доколку сакаме можеме да научиме многу нови работи кои би ни биле од корист во градење на нашата кариера.

 

Споделете ни повеќе информации за проектот? Која е идејата? 

Александар: Воглавно, идејата на апликацијата беше да му овозможи на клиентот со неколку клика да ја проверува неговата состојба за приходи и потрошувачката на месечно ниво. CoinTracker на клиентот му овозможува и избор на категории каде што може да има прегледност на прилив или одлив на средствата од одредените категории. Исто така, идејата на овој проект пред сè, беше да се потврди нашата подготвеност и да се прикаже нашиот напор и труд од изминатата година. Мислам дека со изработката на проектот го докажавме нашиот труд и резултиравме со одлично сработен проект и сметам дека сме спремни за градење на нашата Front-Еnd кариера.

 

Раскажете ни како се одвиваше целиот процес и соработката?

Елена: Целиот процес на изработка на проектот беше со времетраење од еден месец во кој напорно се работеше на добивање на финална функционална верзија од апликацијата. Најпрво, од страна на инструкторот беше претставен проектот заедно со целосната спецификација со барањата кои треба да бидат исполнети. Потоа, започнавме со индивидуална работа на проектот, меѓутоа на секои две недели имавме дополнителен час каде имавме можност да поставиме прашања до инструкторот за делови од проектот. Соработката со инструкторот беше одлична, бидејќи во било кое време можевме да се консултираме со него и да побараме помош и насоки за сè што не ни беше јасно.

 

Кои беа барањата од вас и целите што требаше да се исполнат? 

Христина: Овој проект беше едно заокружување на целиот материјал кој го поминавме на Академијата, главно со фокус на React. Целта на овој проект беше да се изработи една целосна мини апликација која ќе му помогне на корисникот да направи евиденција на приходите и трошоците на месечно ниво, со можност да постави и лимит на својот буџет. Главното барање при изработка на овој проект беше да се искористи React и популарната Material UI библиотека. Проектот беше доста предизвикувачки, но баш тоа нè поттикна да го покажеме и докажеме целото знање и целиот труд кој го вложивме во изминатата година. 

 

Од каде ја црпевте инспирацијата и со кои алатки се служевте за да стигнете до финалното решение? 

Павел: Овој проект беше особено важен од аспект на тоа што претставуваше своевидно заокружување на сè она што дотогаш го научивме на Академијата. Следствено на тоа и одвоеното време и посветеност во изработката беше на повисоко ниво. За мене ова беше прва прилика да го искористам React во креирање на реална апликација, а воедно и повод за запознавање со доста користена и популарна библиотека – Material UI. Како и досега, главниот извор на инспирација насочена кон финиширање на апликацијата беше желбата за постојано усовршување и допир со нови алатки и технологии. 

 

Што ве мотивираше да започнете да градите кариера во светот на програмирањето? 

Катерина: Мотивација за кариера во светот на програмирањето е можноста за постојано учење и надградување. Буквално нема ден каде што нема нешто ново да се научи. Сметам дека тоа е од исклучителна важност, бидејќи на тој начин најмногу вложуваме во себе и најмногу напредуваме. Замислете дека секој ден имате по барем еден нов achievement кога сте научиле нешто ново и на крајот на неделата имате реален приказ дека веќе сте напредувале и знаете повеќе од претходната. Ова е она што е највозбудливо, а во оваа професија овој процес е континуиран.

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!




Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА