Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите. 

Секој месец избираме по еден студент од секоја Академија – студент што се истакнува како најпосветен и најупорен, и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.

 

Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец декември:

 

1. Јулија Ј. Маринов – студент на Академијата за UX/UI дизајн 

 

 

2. Димитар Тодоровски – студент на Академијата за дигитален маркетинг 

 

 

3. Моника Андоновска – студент на Академијата за Data Science 

 

 

4. Владимир Кузманоски – студент на Академијата за Front-End програмирање 

 

 

5. Елена Поповска – студент на Академијата за графички дизајн 

 

 

6. Гоце Јорданоски – студент на Академијата за Full-Stack програмирање 

 

 

7. Натали Петровска – студент на Академијата за Software Testing 

 

 

Ова се студентите кои покажаа ентузијазам, иницијатива и пронајдоа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности. Со видна креативност и самодисциплина, ги користеа своите инстинкти за совладување на проблемите независно, но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти. Останаа фокусирани на сè што им беше зададено, при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во Академијата и надвор од неа, а исто така, останаа и посветени за достигнување на нивниот потенцијал. Нивните проекти и задачи ги извршија комплетно, уредно и со неверојатна организација со што ги надминаа и нашите очекувања.

На крај, сакаме да им кажеме фала на студентите од Dream Team-от кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како ментори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање. 

 

Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.