Запознајте ја Христина Шулевска – алумни студент на Академијата за Software Testing која веднаш по нејзиното завршување на програмата, ја започна својата кариера во IT светот како Information System Tester во компанијата TestDevLab.

 

Си поразговаравме со Христина за нејзиното ново работно место и студентските денови

 

Здраво Христина. Пред сѐ, честитки за почетоците на твојата кариера! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво дечки! Ви благодарам за честитките. 🙂 Како дипломиран правник, односно магистер по правни науки, не ни помислував дека ќе работам во IT секторот, но пандемијава тотално ми го смени начинот на живот. Јас сум човек што сака да излегува, да се дружи, да шета и кога тоа задоволство беше сведено на минимум, наеднаш имав многу повеќе слободно време и решив да го искористам за да научам нешто ново and the rest is history!   

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Од самиот почеток, па сè до крајот, активно учествував на сите предавања и ги решавав сите задачи. Бидејќи работев и паралелно ги следев часовите, понекогаш дури и ми фалеа часови во денот за да ги научам сите нови работи со кои се сретнував. Менторите беа одлични и спремни да помогнат за сè. Целокупното искуство на Академијата за Software Testing мене ми беше одлично. 

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Сите модули ми беа интересни затоа што пред да се запишам на Академијата не знаев скоро ништо, така да, на секој модул учев и совладував нешто ново. Но, ако морам да издвојам би рекла автоматско тестирање, затоа што за мене беше многу интересно да научам јазик (Java) на којшто ќе можам да комуницирам со компјутерот!  

 

Започна да ја градиш својата кариера како Information System Tester во компанијата TestDevLab. Раскажи ни го твоето кариерно патување.

Уште пред завршување на Академијата, почнав да аплицирам на огласи за Software testers. После одредено време го видов огласот во TestDevLab, аплицирав, имав интервју и на мое огромно задоволство ме примија. Огромно благодарам до Кате и Кристина кои несебично ми помогнаа во процесот на аплицирање.  

 

Што можеш да ни споделиш за оваа компанија? Која е нејзината дејност?

TestDevLab e латвиска софтверска компанија која е основана во 2011 година и main focus ѝ е software quality.  

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на софтвер тестингот?

Дечки сите што сте заглавени во досадна работа и сакате да смените нешто, go for it! Having in mind that “Impossible is nothing”. Дополнително, Brainster ви е good place to start. 

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!