DIGITAL MARKETING ACADEMY – HIGHLIGHTS 2021

Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 7 моменти што се случија на нашата Академија за дигитален маркетинг во 2021 година:
- Запишани 160+ студенти, оформени 6 групи
Оваа година на Академијата за дигитален маркетинг се запишаа повеќе од 160 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и кариерна преквалификација. Студентите напорно работеа и се трудеа пандемијата да не им застане на патот кон успехот, туку решија да го искористат продуктивно времето поминато дома за лансирање на нова кариера!
Усовршување на подготвителната програма
Академијата за дигитален маркетинг дефинитивно може да се пофали со најопфатната и детална претпрограма каде што секој студент што решил да ги развива своите маркетерски вештини, пред стартот на редовните предавања има можност да добие материјали и вежби за полесно да ги совлада предизвиците коишто го очекуваат на редовните предавања. Изминатава година не само што ја подобривме претпрограмата, туку и дополнително ја збогативме со материјали кои се од огромна важност на студентите за лансирање на својата нова кариера.
- Воведување на бонус модул за презентациски вештини
Воведовме бонус модул за презентациски вештини кои секој успешен маркетер треба да ги поседува и развива постојано со цел да биде компетитивен на пазарот на труд. Презентациските и комуникациските способности се од огромна важност за развојот на кариерата на секој маркетер бидејќи со концизно и ефективно комуницирање, целта на пораката се пренесува до публиката. Затоа го воведовме овој модул, за не само да ги научиме студентите да размислуваат како маркетери, туку да им покажеме и како нивните идеи и решенија успешно да ги пренесат на другите, коешто претставува клучна улога во успехот на нивното работење.
- Успешно завршени реални проекти
Во рамки на програмата на Академијата за дигитален маркетинг предвидено е студентите да учат преку работа на реални проекти. Изминатава година студентите имаа шанса да работат на повеќе креативни реални проекти за време на предавањата, натпреварувајќи се на хакатоните и како нивни завршни проекти. Студентите изработија маркетинг стратегии и кампањи за Универзитетското студентско собрание, Отворена Порта, МАККА Бар, креираа Lead Gen стратегија за Mitra.mk и за IPOhub, SEO стратегија за 3DHub, но и целосно изработија маркетинг стратегија и бренд идентитет за лансирање на онлајн платформата која нуди разговор со психолози OurMind.
- Студентите активно учествуваа и се натпреваруваа на најголемиот Brainster Хакатон одржан досега
Откако студентите од сите други Академии се погрижија да креираат бренд идентитет, лого, визуелни решенија и функционалности на веб апликацијата “White Noise Player – Shum”, нашите студенти од Академијата за дигитален маркетинг имаа задача да се погрижат за финалното решение на продуктот и да креираат маркетинг стратегија за лансирање на продуктот т.е платформата. По 48 часа напорна работа, детални истражувања и менторски средби, студентите дојдоа до одлични финални решенија. Едно од тие решенија беше избрано за победничко и идеите од истото беа применети во лансирањето на оваа платформа.
Многу кариерни трансформации и нови co-innovation & hiring партнери
Најголемиот приоритет на тимот на Brainster е вработување на своите студенти кои постигнале особен успех и вложиле многу напор и труд за време на часовите и проектите! Освен што им помагаме да ја постигнат посакуваната дигитална трансформација, се грижиме и за нивниот понатмошен развој. Горди сме што можеме да се пофалиме со студенти коишто чувствуваат страст кон својата професија и целосно се посветуваат на материјата дур не ја совладаат. Со таа цел овозможивме и неколку нови co-innovation & hiring партнери за да им помогнеме на студентите да ја добијат работата од соништата! Повеќе за успешните приказни на нашите студенти прочитајте тука.
- Креиравме и објавивме неколку водичи кои би требало да ги прочита секој иден маркетер
Една од професиите за кои денес континуирано расте побарувачката на нови кадри е дигиталниот маркетинг. Станува збор за возбудлива и креативна професија којашто не трпи пасивност, туку постојано бара проактивно да се следат трендовите и промените во светот. Во продолжение можете да ги прочитате блог објавите за кариера во дигиталниот маркетинг:
- Кариерен водич за дигитални маркетери
- Како до кариера во дигитален маркетинг
- Како да се вработиш како дигитален маркетер
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!