Ако си девелопер или се стремиш кон кариера во програмирање, сигурно знаеш колку брзо се менуваат трендовите што го дефинираат развојот на еден софтвер.
За да се издвоиш од конкуренцијата и да креираш современ софтвер, треба да растеш со потребите на индустријата во 2022 година.
Кои се трендовите за Full-Stack програмирање што ќе ја одбележат 2022 година?
1. Зголемена побарувачка на блокчејн технологија
Блокчејн е дистрибуирана база на податоци. Податоците се зачувуваат во последователен синџир од таканаречени трансакции и се чуваат на сите уреди што се дел од мрежата, така што нема централна единица. Ова од една страна го прави блокчејнот поотпорен на сајбер-напади за разлика од централизираните бази на податоци, додека истовремено му овозможува голема ефикасност и робустност.
Блокчејнот како технологија отвори простор за појава на нови програмски јазици и концепти за да можат да се искористат сите негови придобивки. Еден од најбрзо растечките вакви програмски јазици е Solidity. Останати јазици кои што добро работат во комбинација со блокчејн технологија се Go, Python, PHP, JavaScript и други.
Поради големата побарувачка и растечките можности на блокчејн технологијата, во 2022 голем број на компании ќе имаат потреба од софтвер базиран на блокчејн, така што вреди одблиску да се следи развојот на овој дел од софтверското инженерство.
2. Развој на апликации без програмирање (low-code development)
Традиционалните практики за програмирање се прилично временски-побарувачки за развој, адаптација и одржување. Не сите клиенти имаат време и ресурси да си дозволат развој на софтвер на класичниот начин.
Развојот на апликации без код ќе биде лесно решение за овој проблем и во 2022 година, помагајќи им на клиентите подобро да го разберат својот проект, па дури и самите да направат прилагодувања. Иако природата на апликациите што може да се креираат на ваков начин е лимитирана, нивната популарност расте со сè поголемата потреба од дигитални решенија на многу досега традиционално водени бизниси.
3. Голем фокус на сајбер безбедноста
По зголемениот број на хакерски напади врз компании во 2022 година, организациите ќе почнат посериозно да ја сфаќаат потребата да си ги заштитат своите системи. Ова најчесто ќе биде преку инсталирање софтвер или вработување на експерти за сајбер безбедност.
За да го намалат ризикот од потенцијални сајбер напади со фатален исход, компаниите ќе треба да ги преиспитаат сегашните компјутерски мрежи со отворен код каде што програмерите одржуваат суштински дел од софтверот без никаква финансиска корист и корисничка поддршка.
4. Вештачката интелигенција ќе биде насекаде
Со зголемување на бројот на индустрии каде што се користи вештачката интелигенција, до крајот на 2022 година може да очекуваме дека таа ќе биде насекаде околу нас. Како резултат на тоа, интересот за Full Stack програмирање со помош на вештачката интелигенција ќе биде во голем пораст. Ќе бидеме сведоци на иновации во вештачката интелигенција како AutoML 2.0 што ќе помогнат при автоматизацијата за дизајнирање на делови од софтверот.
5. JavaScript ќе остане на тронот
Програмскиот јазик JavaScript ќе остане доминантен и во 2022 година. Како што расте бројот на програмери коишто се фокусираат на учење на JavaScript, така и компаниите ќе се адаптираат на креирање софтвер со овој програмски јазик поради големиот број на стручни лица коишто ги имаат на располагање.
Алатки за Full-Stack програмирање што ќе доминираат во 2022 година
Настани што треба да ги следи секој Full-Stack програмер во 2022
- Full Stack Europe
- Laracon
- QCon Plus
- International JavaScript Conference
- Developer Week
- Half Stack Conference
Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да ги пробаш трендовите напишани погоре во пракса и да градиш нови успешни приказни во 2022, дознај повеќе за Академијата за Full-Stack програмирање тука.
На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!