Ако 2021 година беше динамична за графичките дизајнери, 2022 е годината кога графичкиот дизајн ќе го доживее својот бум. 

Работите во графичкиот дизајн постојано се менуваат и затоа е важно да си во тек со најновите трендови и да ги имплементираш пред истото тоа да го стори конкуренцијата.

Кои се трендовите во графичкиот дизајн што ќе ја одбележат 2022 година?

 

1. Kолоритен минимализам

Кога некој ќе спомне минимален дизајн, обично тоа е бела позадина со црн текст. Но, не е повеќе така. Модерните графички дизајнери сосема го изменија поимот за тоа што претставува минималистички дизајн.  Новиот минимализам е мешање на 2 бои кои имаат смисла. Најчесто тоа e неутрална боја и мешана палета на бои.

 

 

2. Геометриски форми

Сигурно имаш приметено како сѐ повеќе геометриски форми се појавуваат во дизајнот на веб-сајтовите и апликациите. Геометриските форми ќе бидат популарни и во 2022 година. Можеш да ги комбинираш со било каква слика и да создадеш уникатна мешавина од необични детали.

 

3. Едноставно прикажување на податоци

Со оглед на тоа дека луѓето ги скенираат текстовите, а не ги читаат од А до Ш, важно е сите одговори што ги бара корисникот да бидат лесно видливи. Графичкиот дизајн има голем удел во тоа. 

Графичкиот дизајнер треба со слика да му го даде одговорот на корисникот, а притоа да го задржи неговото внимание на интерактивен начин.

Долгите текстови, сложените и неразбирливи информации се игнорираат затоа што корисниците немаат толку време за процесирање на истите.

 

 

4. Користење на сите Serif фонтови

Serif фонтовите датираат од 15-ти век, но се актуелни и денес. Токму Serif фонтовите ќе доминираат и во 2022 година, бидејќи од една страна предизвикуваат чувство на носталгија, а од друга страна зрачат со елеганција.

Важно е да се направи разлика помеѓу фонтовите Serif и San Serif. Фонтот Serif има мали украси на горниот и долниот дел на буквите.

 

5. Психоделичен дизајн

Апстрактната психоделија e техника на графички дизајн којашто потекнува од времето на хипиците од 60тите. Оваа форма на уметност порано се сметала за дизајн што го отвора умот и мотивира размислување на алтернативен начин.

Дизајните со апстрактната психоделија ќе бидат тренд во 2022 година, бидејќи ќе ја симболизираат убавината што се случува среде хаосот.

 

 

Алатки за графички дизајн што ќе доминираат во 2022 година

  1. Adobe Photoshop
  2. Adobe InDesign
  3. CorelDraw Graphics Suite
  4. Inkscape
  5. Sketch

 

Настани што треба да ги следи секој графички дизајнер во 2022

 

Уписите за следната група на Академијата за Графички Дизајн се во тек! Интересот е голем, а бројот на места ограничен, затоа резервирај го твоето место навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!