Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 7 моменти што се случија на нашата Академија за UX/UI дизајн во 2021 година:

 

  • Запишани повеќе од 90 студенти 

Во 2021 година имавме можност да се запознаеме со повеќе од 90 UX/UI дизајн ентузијасти коишто покажаа одлични перформанси. Со сите нив имаме успешна соработка, а доказ за тоа се големиот број на реализирани проекти за време на предавањата, како и големиот број на вработувања и пракси за време и по завршувањето на Академијата. 

 

 

  • Реализиран 5 дневен UX/UI бесплатен курс

Brainster и во 2021 година продолжи да ги следи потребите и да ги остварува желбите на сите UX/UI ентузијасти и го реализираше првиот 5 дневен бесплатен курс за UX/UI дизајн. Овој пат решивме да ги прошириме границите и курсот го направиме достапен за сите оние коишто сакаа да дознаат нешто повеќе за оваа област, а исто така, на курсот присуствуваа повеќе од 100 активни учесници, од Македонија и Виена.

 

 

  • Два интернационални Хакатони

Досегашното искуство ни покажа дека Хакатоните се инкубатор за идеи на нови производи. Нашите студенти постојано работат на реални проекти за реални клиенти, поделени во тимови со цел да ја постигнат крајната цел за клиентот, но вистинскиот предизвик е да се најде финалното решение за само 48 часа! Со цел стимулирање на креативноста и поттик за покажување на целото дотогашно знаење под временски притисок, изминатава година беше одржан и првиот Хакатон помеѓу нашите македонски и интернационални студенти. Овој Хакатон ги зближи креативните умови на студентите за да им помогне да се справат со предизвикот даден од страна на нашиот Learning партнер – Traders Alloy.

На вториот Хакатон, студентите од Академијата за UX/UI дизајн во Виена ги сплотија силите и вештините со студентите од Академијата за графички дизајн, Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање во Македонија и заедно учествуваа на проектот. Овој пат тие имаа предизвик да ги покажат своите знаења пред клиентот VA Engineering, кој не остана рамнодушен пред одличните завршни решенија од нашите студенти.

 

 

  •  Академијата за UX/UI дизајн брои повеќе од 90 алумни студенти од 3 македонски и 2 интернационални групи

По само една година од лансирање на првата Академија за UX/UI дизајн, истата успешно ја завршија повеќе од 90 студенти кои беа дел од 3 македонски групи и 2 интернационални групи. Секој студент го даде својот максимален напор и ги совлада сите предизвици коишто застанаа пред него. Со голема чест можеме да кажеме дека сме повеќе од задоволни за интересот кој го побуди нашата Академија за UX/UI дизајн, но тука нема да запреме и ќе се стремиме оваа година да биде уште поуспешна од минатата.

 

 

  • Завршени повеќе од 15 реални проекти за реални клиенти

Студентите од Академијата за UX/UI дизајн се амбициозни личности кои покрај големите резултати и развиената интеракција за време на самите предавања, земаа учество на реални проекти со реални клиенти за чија соработка се погриживме да помине со огромно задоволство од двете страни. Студентите имаа можност да работат на повеќе од 15 различни реални проекти, а дел од нив се: редизајн на сајтот на ВидиВака, апликацијата за Traders Alloy, дигиталниот предвидувач на иднината Brain’O’Bot, американската продавница Sugarwish, дизајн на страната за Специјална Олимпијада на Македонија и дизајн на страната на УСС.

 

 

  • Нови 3 вебинари и Q&A сесии

Со цел да го донесеме искуството на повисоко ниво, организиравме повеќе од 3 вебинари и Q&A сесии за UX/UI дизајн. На овие вебинари студентите, како и сите останати заинтересирани, можеа да се запознаат одблиску со нашите инструктори, да поставуваат прашања и да научат повеќе за UX/UI светот од нашите искусни предавачи кои со задоволство го пренесуваа своето знаење. Секој од вебинарите се покажа како доста корисен и од големо значење за оние коишто се интересираат за UX/UI, а убавите зборови коишто ги добивавме по завршувањето на секој настан, ни беше најголемиот поттик за одржување на следниот. Повеќе за вебинарите тука.

 

 

  • Пристигнаа и првите вработувања на студентите од Академијата за UX/UI дизајн

Нашиот тим за Co-innovation & Hiring излезе во пресрет и на првите UX/UI дизајнери коишто ја завршија оваа Академија. Богатите портфолија коишто студентите ги подготвија за време на Академијата беа појдовна точка за склучување на нивните први вработувања. Повеќе за успешните приказни на нашите студенти можете да прочитате тука.

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!