Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 7 моменти што се случија на нашата Академија за Software Testing во 2021 година:

 

  • Запишани 170+ студенти, оформени 6 групи и 1 група мини академиja за мануелно тестирање во соработка со Млади Хаб

На Академијата за Software Testing се запишаа повеќе од 170 студенти коишто сакаа да направат дигитална трансформација и кариерна преквалификација, а исто така, користејќи ги своите аналитички способности да придонесат до оптимизирање на софтверските решенија. Горди сме на студентите кои не се откажаа од својот сон туку храбро го надминаа секој предизвик и ги следеа предавањата со целосна посветеност.

 

 

  • Присуство на дел од студентите на South East European Software Testing Conference (SEETEST) 2021 – регионалната онлајн конференција за Software Testing 

Покрај редовните предавања и активности во рамките на Академијата, се трудиме на студентите да им овозможиме вмрежување со професионалци во областа и шанси за стекнување на дополнително знаење. 

За оваа цел, им овозможивме на нашите студенти и ментори, присуство на регионалната конференција за software testing, South East European Software Testing Conference (SEETEST) 2021. И покрај тоа што конференцијата оваа година се одржа онлајн, студентите добија голема вредност од истата. 

 

 

  • Воведување на гратис модул за Scrum методологија

На оваа Академија за прв пат воведовме гратис модул за Scrum методологија на работење што секој запишан студент на Академијата за Software Testing може да го посетува. На овој модул, студентите имаат можност да научат нешто повеќе околу методологијата што е широко застапена во IT индустријата и за придобивките од истата. 

 

 

  • Работилница за објектно-ориентирано програмирање

За полесно совладување на матријалот од модулот за „Вовед во објектно-ориентирано програмирање“ и припрема за модулот на „Автоматско тестирање“ каде се применуваат овие познавања, на студентите им организиравме дополнителна ООП работилница каде под менторство на нивните инструктори и асистенти ќе го усовршат ова знаење. Модулите каде што се учат програмски вештини знаат да бидат предизвикувачки за студентите кои доаѓаат од друга професионална позадина, па поради тоа посветуваме посебно внимание на истите за да им го олесниме патот до професионалната трансформација.

 

 

  • Успешно завршени реални проекти 

Во рамки на програмата на Академијата предвидено е студентите да учат преку работа на реални проекти. Изминатите групи имаа шанса да работат на неколку креативни реални проекти, дел од нив на час, дел на хакатони и секако останатиот дел како завршни проекти. Во прилог ќе ги споменеме само неколку од сработените реални проекти од студентите во текот на оваа година: Pandemic Disease Tracker, Periodic Table of Elements, CoinTracker и др. Нашите студенти им помогнаа на девелоперите кои ги создадоа овие решенија да го подобрат нивниот квалитет и да дојдат до посакуваниот краен дигитален продукт. 

 

 

  • Се организираа три хакатони на Академијата за Software Testing

Студентите од Академијата за Software Testing имаа предизвик да работат 48 часа на реален проект за реален клиент и да го применат целото знаење стекнато на оваа Академија. На првиот Хакатон тие работеа на Cross – Academy проектот за „Brainster Learn” заедно со студентите од Академијата за Front End и Академијата за Full Stack. Целта на хакатонот беше студентите да си ги надградат вештините и да креираат едноставни решенија и да дизајнираат продукт кој ќе биде интуитивен за корисниците. На вториот хакатон студентите работеа на интерактивна веб-базирана табела со информации за елементите од периодниот систем „Periodic Table of Elements“. Додека на последниот хакатон кој се одржа студентите работеа на „Brainster Labs”, проект на кој ќе се поставени сите проекти кои ги имаат изработено нашите студенти од академиите за маркетинг, дизајн и програмирање. Преку ваквите активности, секој студент има можност да работи на реален проект, под менторство на докажани и искусни инструктори, да го развива својот тимски дух и да добие увид до каде е со своето знаење.

 

 

  • Вработување на студентите во домашни и интернационални компании 

Можеби единствената позитивна работа што произлезе од пандемијата на глобално ниво, е тоа што многу луѓе решија да направат кариерна трансформација, да научат нови дигитални вештини или да ги надградат вештините што веќе ги поседуваат. На Академијата за Software Testing, обучивме многумина коишто се пронајдоа во оваа област и успеаа брзо по нивното завршување да се вработат или да влезат на пракса во реномирани домашни и интернационални компании. Во прилог ќе ги наброиме само дел од нив: Bright Box, Pabau, Personal Programmer, Test Dev Lab, Crazy Labs, и многу други. За успешните приказни на нашите студенти прочитајте повеќе тука.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!