Доколку сакаш да започнеш кариера во некоја од професиите на иднината, нема подобро време од сега!

Ваучер што целосно или делумно ќе ги покрие трошоците за совладување на некоја од најбараните дигитални вештини и за лансирање на нова кариера звучи примамливо, зар не? Можеби изгледа премногу добро за да биде вистина, но тимот на Brainster верува и вложува во квалитетот на своите студенти кои понатаму ќе бидат одраз на внимателно прилагодената програма на секоја од нашите академии, инструкторите и нивните вредности.

Поради горенаведеното и поради постигнатите резултати и кариерните трансформации од претходната кампања во која земавме учество – „Ваучери за обуки за дигитални вештини“ од страна на Министерството за образование, решивме да создадеме проект наречен Ваучери 2.0

Овој проект содржи тест каде што учесниците ќе имаат можност да се натпреваруваат за да добијат вредносни ваучери до 2.500 евра коишто ќе можат да ги искористат за упис на некоја од нашите Академии.

Целта на овој проект е да ги пронајдеме оние кои се доволно мотивирани за успешно да се соочат со предизвикот и да зачекорат во ИТ или дигиталната индустрија и на истите да им пружиме поддршка уште од самиот почеток. 

 

Доколку ова ти има логика и сакаш да освоиш ваучер, дознај повеќе во продолжение…

 

 

Зошто да аплицираш за ваучер?

Brainster е во потрага по супер таленти во кои вреди да се инвестира и кои со своето знаење можат да го променат светот! Секој кој сака да го надгради своето знаење има можност да освои целосна или пак делумна стипендија за некоја од Brainster Академиите и да биде дел од успешните приказни на нашите алумни кои започнаа кариери во професиите на иднината.

 

Како можеш да аплицираш за ваучер?

Аплицирањето за ваучер воопшто не е комплициран процес, но она што е потребно да го знаеш е дека за истото е потребен голем фокус, максимална посветеност и време во кое ќе можеш непрекинато да му се посветиш на тестот. 

Преку платформата која ја создадовме, потенцијалните студенти ќе можат да одговорат на вкупно 40 прашања преку кои на тест ќе се стават следниве вештини: problem solving, logical reasoning, numerical reasoning, logic puzzles & general knowledge. Секој учесник ќе има на располагање 25 минути за решавање на овие прашања.

 

Процесот на апликација се одвива на следниов начин: 

  1. Внимателно прочитај го упатството;
  2. Избери ја Академијата која сакаш да ја посетуваш;
  3. Регистрирај се на платформата;
  4. Отвори го тестот;
  5. Реши ги зададените 40 прашања во зададеното време (25 минути);
  6. Провери убаво и испрати ги одговорите!

 

 

Каков вид на ваучери постојат?

Постојат три вида на ваучери преку кои ќе имаш можност да ги совладаш најбараните дигитални вештини и да ја започнеш својата кариера. Ваучерот зависи од твојот резултат постигнат на тестот на кој ќе дојде до израз твоето размислување и знаење. Наградата се доделува според бројот на точните одговори како и брзината на комплетирање на тестот.

  • Првиот тип на ваучер е стипендија во износ до 2.500 евра која ќе ја покрива целата цена на чинење на академијата што ја имаш одбрано. Истиот се доделува на првопласираниот учесник. За секоја академија е предвиден по еден ваков ваучер;
  • Вториот тип на ваучер е во износ од 300 евра во рамките на цената на чинење на одбраната академија. Истиот се доделува на второпласираниот учесник. За секоја академија е предвиден по еден ваков ваучер;
  • Третиот тип на ваучер е во износ од 100 евра од цената на чинење на одбраната академија. Истиот се доделува на сите останати учесници.

 

Кој може да аплицира за ваучер?

Доколку сакаш да направиш целосна кариерна трансформација, да ги развиеш своите дигитални вештини или да започнеш нова кариера во некоја од најбараните и најплатените професии на иднината, те охрабруваме да аплицираш за ваучер. Сѐ што е потребно е да си полнолетен, односно да имаш наполнето 18 години и да бидеш заинтересиран за некоја од Академиите и програмите што ги нуди Brainster.

 

 

За што можеш да го искористиш својот ваучер?

Без разлика за кој вид на ваучер станува збор, добитниците своите ваучери ќе можат да ги искористат еднократно, само за тековниот уписен рок и не подоцна од 18ти март 2022 година.

Ваучерите ќе можат да се искористат единствено за покривање на цената на чинење на некоја од Brainster академиите што се понудени на листава:

  1. Академија за дигитален маркетинг;
  2. Академија за графички дизајн;
  3. Академија за UX/UI дизајн;
  4. Академија за Software Testing;
  5. Академија за Front-End програмирање;
  6. Академија за Full-Stack програмирање;
  7. Академија за Data Science;
  8. Академија за Project & Product Management;
  9. Академија за Full-Stack HR.

 

Повеќе околу резултатите!

Откако ќе ги испратиш своите одговори од тестот, време е да се релаксираш и да ја чекаш листата на добитници што ќе биде објавена по завршувањето на кампањата. Резултатите од аплицирањето и решавањето на тестот ќе бидат објавени на 23.02.2022 година. Со среќа и ти посакуваме многу успех!

 

Реши го нашиот тест и освој ваучер до 2.500 евра!

Одбери Brainster академија, тестирај го своето знаење и добиј шанса за лансирање на нова кариера!