Дали знаете дека 94% од првиот впечаток на еден корисник се базира на дизајнот на веб-страницата или апликацијата?

Овој процент дополнително ќе порасне во 2022 година. Повеќе нема да е важно колку е практично решението на компаниите. Ако има лош или застарен дизајн, сте надвор од игра!

Како да се осигураш дека твојот UX/UI дизајн ќе биде конкурентен во 2022 година?

Со тоа што ќе ги имплементираш следниве топ трендови за UX/UI дизајн што ги очекуваме во 2022 година!

 

 

1. Гласовен кориснички интерфејс (VUI) како алтернатива за пишување

Ако користиш гласовни асистенти како Google Assistant, Siri или Alexa, веќе добро си запознаен со тоа како функционираат. VUI овозможува да комуницираш со интерфејсот преку гласовна команда. На овој начин, не треба да пишуваш ништо на интерфејсот, бидејќи наместо тебе, тоа ќе го прави твојот глас. 

 

2. Креирање на 3Д визуелни слики

Разбирањето на 3Д технологијата е поважно од кога било порано, бидејќи 3Д ефектите имаат моќ да им понудат на корисниците поинформативно и попривлечно искуство. Сè делува многу поинтересно кога ќе се види во тродимензионална верзија, нели?

 

 

3. Персонализирано искуство за секој корисник

Ако некој корисник не наиде на персонализирано искуство на некоја веб-страница/апликација, нема да се двоуми да го побара истото кај конкурентите. Персонализацијата опфаќа многу повеќе од тоа да му се обратиш на корисникот по име. Фокусот на дизајн којшто ќе биде привлечен за секој корисник ќе ти помогне да се издвоиш од конкурентите. 

 

4. Неоморфизмот како иновативен пристап

Ова не е некое латинско име на растение, туку многу популарен дизајнерски тренд којшто ги комбинира аспектите на скеуоморфизмот и рамен дизајн. Се работи за елементи кои се проектираат од екранот кога корисникот ќе кликне на него.

Со други зборови, неоморфизмот е насочен кон ефективно мешање на контрастот на боите на дизајнот преку користење на сенки и еднобојни бои. Зошто да не пробаш?

 

 

5. Фокус на типографија за луѓето кои ја скенираат содржината

Кога последен пат навистина имаш прочитано цела статија од А до Ш? Не се сеќаваш, нели?

Ова е делот каде што се гледа моќта на типографијата. Бидејќи корисниците ја скенираат содржината на веб-сајтовите и апликациите, изборот на голем, софистициран фонт ќе има водечка улога во дизајнирањето на продуктот. Некои од дизајните ќе бидат целосно базирани на голема типографија, а резултатите ќе бидат прилично екстравагантни.

 

6. Напредни микро-интеракции

Микро-интеракции се составен дел на секоја софтверска апликација, како што е функцијата „Ми се допаѓа“ на Инстаграм или „Ретвит“ на Твитер. Напредните микро-интеракции, како што се гестовите со тело и управување со телефонот без допир, ќе доминираат во 2022 година бидејќи носат нови можности за создавање поинтуитивно корисничко искуство. Очекуваме да видиме масовна примена на овој тренд во 2022та година.

 

 

7. Транзициите на бои се повторно во мода

Градиентите, познати и како транзиции на бои, се вратија, но овој пат, не се ограничени на неколку нијанси. Во 2022 година ќе доминираат градиенти кои се мешаат со сосема различни или контрастни бои, како виолетова и црвена или сина и жолта. Енергијата на овие неверојатно живописни транзиции на бои ќе го направи твојот дизајн полесно да се издвојува од толпата.

 

8. Употреба на линии

Овој тренд е модерен и традиционален во исто време. UX/UI дизајнерите ќе можат да користат линии за да потенцираат наслови, секции или да го подобрат изгледот на целиот веб-сајт. Овој тип на дизајн ќе има големо влијание во 2022 година, бидејќи ефектите ќе бидат технички, остри и минималистички.

 

 

5 корисни алатки за UX/UI Design за 2022 година

  1. Qualaroo за истражување, фидбек за дизајнирање, соработка;
  2. Figma за тимско дизајнирање
  3. Sketch за прототипирање, дизајнирање;
  4. InVision за прототипирање, UI дизајнирање;
  5. Proto.io за прототипирање, анимација

 

Топ 10 настани за UX/UI Design што треба да ги следиш во 2022 година

  1. UX360 Research Summit 2022
  2. UX Design Awards 2022
  3. Design2022
  4. DesignOps Global Conference
  5. Product Design Week
  6. Design Matters
  7. User Research London 2022
  8. UXDX EMEA
  9. Impact 
  10. UX Strat Europe

 

Ако сакаш да започнеш кариера во UX/UI дизајн и да ги примениш сите трендови што ги спомнавме во пракса, нашиот тим со задоволство ќе ти помогне.

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн на Бреинстер се во тек! Интересот е голем, а бројот на места ограничен, затоа регистрирај се навреме!

Закажи состанок со нашиот тим за да добиеш повеќе детали за програмата!