Ефектите од пандемијата се инфилтрираа во секоја индустрија, а менаџментот на проекти и продукти не беше исклучок. Трендовите во оваа индустрија што некогаш беа стандардни, полека се заменуваат со модерни и иновативни решенија.

Кои се трендовите за проект и продукт менаџмент што ќе ја одбележат 2022 година? Дознајте во продолжение.

 

1. Хибридно управување со проекти и продукти

Хибридни тимови се група на луѓе што менаџираат проекти и продукти соработувајќи на далечина и користејќи различни методологии при своето работење.

Работењето од дома го зголеми и користењето на алатки за полесна соработка помеѓу вработените, реализација на проектите и подготовка на продукти. 

Со соодветни софтверски алатки и платформи, хибридните тимови можат ефективно да управуваат со проектите без разлика од која локација работат членовите на тимот.

Slack, Jira, Trello се само дел од алатките што го направија процесот на менаџирање на проекти и продукти полесен од кога и да било порано.

Овој тренд се наметна како последица на пандемијата и ќе остане дури и по нејзиното завршување, затоа што им покажа на компаниите дека вработените можат да бидат попродуктивни работејќи од дома.

 

2. Нема правилни или погрешни методологии за менаџирање на проекти и продукти

Работењето од дома ѝ овозможи на секоја компанија да избере свој индивидуален пристап за тоа како ќе продолжи да менаџира проекти и продукти на далечина.

Хибридниот пристап наметна различни методологии како Agile и Scrum, но им даде и одврзани раце на вработените сами да изберат која методологија најмногу резонира со нивната работа.

Приспособувањето на повеќе алатки и методологии, наместо држење до една алатка затоа што вршела работа во минатото е неизбежен тренд во секоја индустрија.

 

 

3. Зголемен фокус на агилни методологии

Со порастот на дигиталната трансформација, проект и продукт менаџерите ставија поголем фокус на агилните методологии. Основниот принцип на агилноста е да се биде флексибилен, што овозможува брзо да се одговори на промените на пазарот и потребите на клиентите.

Со повеќе организации што ги прифаќаат практиките на DevOps (спој на развојните и оперативните практики за развој и испорака на софтвер), ќе бидеме сведоци на голем агилен развој низ целата организација.

Во 2022 година можеме да очекуваме дека најмалку 1 од 3 компании ќе го има усвоено овој DevOps пристап.

 

4. Поголем акцент на меките вештини

Управувањето со проекти и меките вештини како лидерство, управување со време и рокови и ефективна комуникација со тимот одат рака под рака. 

Како што вештачката интелигенција продолжува да се развива, помеките вештини ќе заземаат поважна улога во многу индустрии.

Како резултат на тоа, дел од вработените во продукт тимовите коишто немаат титула како проект/продукт менаџер ќе се вклучат и ќе придонесат со својата експертиза во процесите на менаџирање на проектите и продуктите.

 

5. Зголемување на побарувачката за професионалци и алатки

Како што секојдневно се појавуваат нови софтверски решенија на пазарот, така и побарувачката на професионалци за менаџирање на продукти/проекти ќе биде во голем пораст во 2022 година. Предност ќе имаат оние кандидати коишто се спремни да учат, се флексибилни и отворени да пробат нови алатки за подобрување на процесите.

Паралелно, како што компаниите стануваат се повеќе зависни од технологијата, така ќе расте потребата и за пософистицирани алатки што ќе го олеснат процесот на менаџирање со проекти и продукти.

 

 

Алатки за менаџирање со продукти и проекти што ќе доминираат во 2022 година

  1. Jira
  2. Trello
  3. Slack
  4. Miro

 

Настани што треба да ги следи секој продукт/проект менаџер во 2022 година

  1. Product Marketing Summit
  2. Software Product Management Summit
  3. ProductWorld
  4. ProductCon
  5. Product-Led Summit
  6. Project Management Professional Days
  7. Virtual Project Management Symposium
  8. Gartner Tech Growth & Innovation Conference

 

Доколку сакаш да си дел од Project & Product менаџмент заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата тука.

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!