Во 2021 година бевме сведоци на нови решенија за софтверско тестирање што го забрзаа процесот за завршување на целосниот циклус на тестирање. Но, како што ќе расте оваа индустрија, така и ќе се зголемува и побарувачката за квалитетни кадри кои ќе ги следат трендовите и ќе експериментираат со нови методи на тестирање.

Што те очекува во 2022 година во светот на софтверското тестирање? Кои се трендовите што ќе ја обликуваат оваа индустрија? Дознај во продолжение.

 

1. Тестирање управувано од вештачка интелигенција и машинското учење

Работните текови управувани од вештачка интелигенција (AI) и машинското учење (ML) најавија нова ера на процесите за софтверско тестирање. Кога првпат се појавија AI и ML, целта беше намалување на зависноста од рачното тестирање.

Ова доведе до значително зголемување на продуктивноста на работната сила, оперативната ефикасност и намалување на трошоците за автоматско тестирање. Како резултат на тоа, тестерите на софтвер имаат слобода да се фокусираат на стратешките активности. 

Не е изненадување што софтверското тестирање управувано од вештачка интелигенција и машинското учење ќе бидат голем хит во 2022 година.

 

 

2. Тестирање на големи бази на податоци и аналитика

Со секоја измината година, протокот на податоци дури и во една мала компанија е во постојан пораст. Оттука, расте и бројот на можности на неструктурираните податоци за клиентите да се трансформираат во корисни информации што ќе ги подобрат перформансите на целата компанија. Управување со големите бази на податоци и аналитика се неизбежен дел од софтверското тестирање и затоа се топ приоритет за компаниите и во 2022 година.

 

3. Агилно и континуирано тестирање за интеграција

Работењето од дома предизвика зголемување на агилните софтверски методологии. Компаниите почнаа интензивно да користат агилни методологии за да го забрзаат креирањето на нови софтверски решенија. 

Поддржани од континуирана интеграција, програмерите можат брзо да го интегрираат својот код во централизирано складиште и да идентификуваат грешки и дефекти за време на развојот на проектот. Ова значи дека може да се решат сериозни проблеми во текот на почетната фаза од животниот циклус на развојот на софтверот како зголемување на квалитетот на кодовите и перформансот на работната сила.

 

 

4. Подем на Postman и Apiary за автоматизација на API

Често гледаме како неколку апликации користат исти API. Во ваква ситуација, процесот на тестирање се врши одделно од производите бидејќи тоа може да влијае на резултатите од тестирањето.

Во 2022 година, две водечки решенија ќе го поедностават тестирањето за тимовите за софтверско тестирање да бидат сигурни дека API функционира правилно:

  • Postman: Овој инструмент нуди директен начин на тестирање на API, проверка на функционалноста, наоѓање и поправка на бројни проблеми;
  • Apiary: Платформа што го користи јазикот Markdown, помага за создавање и имплементација на подготвени тест скрипти. 

 

5. Автоматско тестирање на кориснички итнерфејс (UI)

Ако досега тимовите за тестирање на корисничкиот интерфејс го правеа ова рачно, ова се промени во изминатиов период. Како што апликациите се развиваат и стануваат посложени, така и процесот на тестирање се зголемува. Надградбите на производите и услугите бараат константно тестирање, а автоматизацијата на овој процес значително ќе го забрза работниот процес, намалувајќи ги потенцијалните грешки.

 

 

Алатки за Software Testing што ќе доминираат во 2022 година

  • Postman – API платформа за градење и користење на API;
  • Xray – Апликација за рачно и автоматско тестирање.

 

Настани што треба да ги следи секој тестер на софтвер во 2022 година

 

Доколку сакаш да си дел од Software Testing заедницата, заедно со нас да ги пробаш трендовите напишани погоре во пракса и да градиш нови успешни приказни во 2022, дознај повеќе за Академијата за Software Testing.

На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот тим за повеќе насоки и детали за програмата!