Ана од Академијата за UX/UI дизајн е новото засилување во Catalyst Care Group

Запознајте ја Ана Стефановска – алумни студент на нашата Академија за UX/UI дизајн која направи целосна кариерна трансформација и влезе во креативниот свет на дизајнот.
По нејзиното завршување на Академијата, Ана започна да работи како UX/UI дизајнер во Olive Jobs кои се дел од групацијата Catalyst Care Group, каде ќе продолжи да ги надградува своите вештини.
Си поразговаравме со Ана за нејзиното ново работно место и студентските денови
Здраво Ана. Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата за UX/UI дизајн те познаваме, но што би споделила за останатите?
Здраво! Јас сум Ана и сум магистер по право кој преку фотографијата, дигиталниот маркетинг и старт-ап сцената се пронајде во креативниот свет на UX/UI дизајнот. Обожавам подкасти, редовно си читкам по некоја психолошка книга и вечна дилема ми е дали повторно да си купам тапани или нова гитара. 😊
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Академијата ги централизираше сите мои претходни вештини во едно и со тоа ги надмина моите очекувања, до толку што со секој нареден проект, сè уште се изненадувам колку многу знаење имам од сè.
Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Мислам дека само една реченица би го опишала тоа: And when you become a diamond you will seе why life had to pressure you. Најголемиот предизвик ми беше организацијата на времето, но предавањата по сите модули беа толку интересни што едвај чекав да се вклучам на секој нов час. Design thinking е процес кој те држи буден и гладен за повеќе и не ми недостигаше мотивација.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Мислам дека најинтересен и најкреативен модул ми беше UI цртањето со Јане, но пред сè би го издвоила Front-End модулот со Горјан кој толку добро нè воведе во светот на програмирањето што и по завршувањето на Академијата почнав да се надградувам во тој дел. Како личност која мислеше дека никогаш нема да научи да програмира – He prove me wrong! 😊
Веднаш по завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера како UX/UI дизајнер во Catalyst Care Group. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?
После неколку интервјуа и аплицирања, два месеци по завршувањето на Академијата добив повик од Olive Jobs кои се дел од групацијата Catalyst Care Group, кој без размислување го прифатив. Процесот беше брз и едноставен.
Што можеш да ни споделиш за оваа компанија? Која е нејзината дејност?
Olive jobs се дел од групацијата Catalyst Care Group која се состои од 10 бренда кои нудат приспособени, специјализирани решенија за специјална нега и поддршка за поединци и организации, регрутирање и распоредувања на медицински персонал, до иновации и развој на услуги. Olive Jobs работи на поврзување и градење на таленти кои преку дигитални решенија придонесуваат за раст и развој на целата групација. Моментално имаат канцеларии во Обединетото Кралство и Македонија и се супер позитивен тим кој посветува доста внимание на компаниската култура.
Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би ги користела?
Мојата моментална улога е креирање на brand book и web design на сите 10 бренда од групацијата, како и графички решенија за дигиталното присуство на истите и формирање на design system за интерна употреба на групацијата. Работам во Adobe Suite и Figma.
И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизјанот?
Да се биде UX/UI дизајнер е доста предизвикувачко искуство. За креација на еден дигитален продукт потребен е критички пристап со голема доза на емпатија и симбиоза на поголема низа на вештини и soft skills. We are the creative thinkers, the architects, the problem solvers, designers and sometimes the coders.
Ако сте љубопитна личност со критичко размислување и сакате да поставувате многу прашања, имате емпатија и сте спремни да имате работа во која никогаш нема да ви биде монотоно и ќе учите по нешто ново секој ден – go for it.
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!