GRAPHIC DESIGN ACADEMY – HIGHLIGHTS 2022

Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 12 моменти што се случија на нашата Академија за графички дизајн во 2022 година:

 

  • Запишани повеќе од 125 студенти, оформени 5 групи 

Оваа година на Академијата за графички дизајн се запишаа повеќе од 125 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и да ги надградат своите знаења и вештини. Студентите напорно работеа и се трудеа навремено да ги завршат сите предизвици и продуктивно да го искористат времето за лансирање на нова кариера! Им посакавме среќа и лесен почеток на студентите од групите 17, 18, 19, 20 и 21 на Академијата за графички дизајн.

 

 

  • Се запознавме со новите студенти на Opening Networking настани, а исто така ги доделивме и сертификатите

Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите од групите 19, 20 и 21 на Академијата за графички дизајн. Студентите имаа можност да ги запознаат инструкторите, да дознаат повеќе за програмата и модулите кои ќе се изучуваат, како и да слушнат за искуствата на нашите алумни студенти и нивните успешни приказни! Дополнително, ги доделивме сертификатите на групите 14, 15 и 16 кои успешно ја комплетираа програмата!

 

 

  • Успешно завршени реални проекти за реални клиенти

Како задолжителен дел од програмата на Академијата за графички дизајн е работата на различни предизвици и реални проекти. Изминатата година, студентите имаа можност да работат на повеќе креативни реални проекти за реални клиенти, како за време на предавањата, така и за време на Хакатоните. Студентите работеа на: 

 

 

  • Студентите активно учествуваа на Cross-Academy Хакатони

Brainster Академиите постојано соработуваат со партнерите за ко-иновации, а студентите преку работа на реални проекти за реални клиенти ги совладуваат најбараните дигитални вештини. Студентите работеа на Хакатони за проектите:

 


 

  • Се одржа најголемиот Brainster хакатон!

Повеќе од 125 учесници, поделени во 10 тимови, работеа напорно во нашите канцеларии и имаа една цел – за 48 часа да достават свои решенија за клиентот Redi Recycling. Со аплаузи, поддршка, многу позитивна енергија и смеа, студентите од 10 групи од Академијата за дигитален маркетинг, Академијата за графички дизајн, Академијата за UX/UI дизајн & Академијата за Project & Product менаџмент, ги презентираа финалните решенија и со тоа успешно се затвори најголемиот хакатон! Дознај повеќе!

 


 

  • Посветеноста и трудот секогаш се исплатат!

Ги раскажавме приказните на: Сара Кочовска, Горјан Главески, Тамара Митева, Бианка Бојковска, Ана Митреска, Талија Теова, Валентин Танески, Петар Нича, Влатко Јовановски, Валериа Атанасовска, Фјола Синани, Драгана Богдановска, Тамара Христовска, Глорија Јанева и Невена Фуруновиќ кои по завршувањето на нашата програма за графички дизајн ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Збогатување на инструкторски тим 

Секој од нашите инструктори е експерт во својата област со долгогодишно работно искуство, па со голема чест ви ja претставуваме Елена Диновска Зарапчиев, која го предава модулот Растерска графика и постпродукција – Фотошоп.

 

 

  • Посета на печатница

Со цел да го подобриме искуството на студентите на Академијата за графички дизајн, организиравме посета на печатница. Заедно со инструкторот Небојша Гелевски – Бане и Ана Тодоровска, студентите имаа можност да ја посетат печатницата ПроПоинт и да се запознаат со нејзиниот начин на работа. Дознај повеќе за искуствата при посета на печатницата од: Радица Лазова и Симона Симоновска.

 


 

  • Нов модул за Motion Design

Методологијата на работа и креирање на наставните програми во Brainster се базира на постојанa анализа и следење на трендовите во ИТ индустријата и пазарот на труд, но, и константно подобрување врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност. Земајќи ги предвид овие работи, ја збогативме програмата на Академијата за графички дизајн со нов модул: Motion Design. Дознај повеќе!

 


 

  • Воведување на бонус модул за Freelance

Изработивме видео курс „Фриленсерство и графички дизајн – Како до кариера како фриленсер“ со поддршка на Impact Фондација. Остваривме соработка со Елена Диновска Зарапчиев која има долгогодишна успешна кариера како фриленсер графички дизајнер. Таа преку серија видео лекции им споделува на студентите од оваа академија повеќе за своето искуство, насоки, научени лекции од фринленсинг ангажманите низ годините.

 


 

  • Најпопуларни професии 

Постојат голем број на кариерни можности во светот на графичкиот дизајн, од целосно креирање на бренд идентитет до дизајнирање на билборди и реклами. Во оваа блог објава, ги издвоивме најпопуларните патеки по кои можеш да ја движиш својата кариера. Дознај што сѐ можеш да работиш ако знаеш графички дизајн!

 


 

  • Одржани 2 бесплатни онлајн вебинари

Сакаш да започнеш кариера во светот на графичкиот дизајн, но не знаеш од каде да започнеш? Или пак веќе имаш познавањe од алатките за графички дизајн, но потребна ти е помош околу реализацијата на твојата идеја? Сè што сакаш да дознаеш за графичкиот дизајн, а не си имал кого да прашаш. Дознај повеќе:

 

Доколку сакаш да си дел од Дизајн заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!






Trending Stories That Might Interest You