Со цел да го подобриме искуството на студентите кои ја слушаат програмата на Академијата за графички дизајн, организиравме посета на печатница.

Заедно со инструкторот Небојша Гелевски – Бане, студентите имаа можност да ја посетат печатницата ПроПоинт и да се запознаат со нејзиниот начин на работа, како и да го видат одблизу процесот што го изучуваат.

Од страна на печатницата беше презентиран целиот процес на работа со машините, боите и материјалите со кои располагаат и работат, како и условите кои се потребни за работа.

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Радица Лазова – студент на Академијата за графички дизајн за нејзиното искуство при посета на ПроПоинт печатницата.

 

Дознајте повеќе што ни сподели Радица

 

 

Здраво Радица, ние на Академијата за графички дизајн те познаваме, но што би споделила со останатите? Која е Радица и зошто се одлучи баш за овој тип на дизајн?

Здраво! Јас сум Радица Лазова, студент на Академијата за графички дизајн во Бреинстер. Кога се решив да го променам кариерниот пат имав неколку опции во глава, но мислам дека она што беше клучно за мене при изборот на оваа професија е можноста за креативно развивање. Тоа е нешто кон кое секогаш сум се стремела, а потоа, можноста за постојано надградување и следење на тековните трендови кои самата професија ги бара, како и задоволството што доаѓа по создавањето на свој личен дизајн. 

 

 

Раскажи ни нешто повеќе за печатницата и нејзиниот начин на работа?

Печатницата е опремена според високи стандарди, можностите кои ги нуди за печатење ги надминаа моите очекувања. Лесно ги задоволуваат разните потреби на клиентите, нудејќи притоа професионалност и квалитетна услуга. Доста пријатна атмосфера, ме израдува гостопримливоста на вработените, желбата за споделување на исцрпни информации од работењето. Условите за работа се солидни, тоа можеше да се забележи и со самиот однос кон нас. 

 

 

Што ти беше најинтересно од целата посета?

Би го издвоила дружењето и разменувањето на мислења со колегите, потпрашувањата и дополнителните објаснувања на професорот Бане што ја држеа заинтересираноста на високо ниво, како и големиот број на информации кои ги добивме во врска со процесот на печатење.

 


Најважната лекција што ја научивте при оваа посета?

Мислам дека најважната лекција беше самата посета, предавањата во Бреинстер се исклучително информативни, но да се видат работите во живо и целиот тој процес претставува огромно искуство за сите нас. Добивме корисни информации и одговорени прашања кои можеби и немаше ни да си ги поставиме доколку ја немавме можноста да бидеме дел од едно вакво искуство.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!