Запознајте ја Драгана Богдановска – креативна и љубoпитна личност, а воедно и алумни студент од Академијата за графички дизајн.

Таа веднаш по нејзиното завршување на Академијата започна да работи како freelance графички дизајнер на многу интернационални проекти и соработува со клиенти од целиот свет.

 

Си поразговаравме со Драгана за работата како freelancе графички дизајнер и нејзиниот кариерен пат

 

 

Здраво Драгана, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво, јас сум Драгана и имам 19 години. Бев студент на Академијата за графички дизајн, додека истовремено бев во средното образование. По природа сум креативна, љубопитна, сакам да учам нови работи, искрена и секогаш расположена за дружба. Исто така, сум голем љубител на животните и природата. 

 

Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн и како си поминуваше на предавањата?

Уште од мала сакав сѐ што е поврзано со дизајн и уметност. Долго време мојата креативност ја изразував на лист хартија и решив таа креативност да ја искористам во графичкиот дизајн. Академијата за графички дизајн на Brainster ми беше на првото место кога се решив да станам дел од некоја Академија. Дефинитивно, тоа ми беше најдобрата одлука која сум ја донела. Професионалниот тим и одличните ментори ги направија нашите предавања интересни, со добра атмосфера, дружба помеѓу нас студентите и менторите, а најбитно од сѐ научивме како да бидеме одлични графички дизајнери.

 

 

Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?

Најпрво редовноста, вклучување на сите часови, бидејќи со секој час сте една скала погоре со своето знаење. Исто така, упорноста и истрајноста, редовно пишување на домашните задачи. Јас покрај домашните знаев често да барам некои „лажни проекти” за вежбање, кои ги изработував лично за мене. Знаев да заглавам до касно навечер, сето тоа од љубопитност кон нови нешта и желбата да се подобрам самата себе во областа на графичкиот дизајн. 

 

Ти си еден од нашите студенти кои покажаа одлични перформанси на Академијата и изработи многу интересни и креативни дизајни. Моментално работиш како freelance графички дизајнер, како изгледа искуството на работа од дома со клиенти од целиот свет?

Да запознаеш и добиеш клиенти од целиот свет, на кои ќе им го оствариш замислениот дизајн е навистина одлична работа. Јас како средношколка која штотуку завршува, многу сум задоволна од работата како freelancer. Во најголемиот дел од денот кога сум слободна работам од дома, а тоа ми овозможи да бидам редовен ученик. Сепак, покрај работата како freelance графички дизајнер, би сакала да пробам да работам со полно работно време во некоја фирма како графички дизајнер. 

 

 

Раскажи ни повеќе за последниот проект на кој работеше?

Последниот проект на кој работев беше за една американска авторка која побара од мене да ѝ го изработам дизајнот на корицата на нејзината книга. Навистина прекрасно искуство и бев пресреќна што имав можност да соработувам со писателка на книги од Америка.

 

Опиши ни го твојот креативен процес. Кои се клучните чекори?

Најпрво, веднаш штом го прочитам брифот мене ми доаѓаат идеи, не трошам залудно време и во истиот момент ги запишувам сите во мојата тетратка. Потоа, кога ќе седнам да го изработувам дизајнот ги разгледувам идеите и ги истражувам. Така постепено го градам целиот дизајн. 

 

Раскажи ни на какви freelance проекти имаш работено и кој ти е посебно драг и зошто?

Најчесто изработувам дизајни на корици на книги и постери. Немам некој посебно драг проект, сите ги сакам и изработени ми се со многу посветеност. 

 

И за крај, твојот совет за сите оние кои сакаат да работат како freelance графички дизајнери?

Мој совет до сите оние кои сакаат да работат како freelance графички дизајнери е тоа да не се откажуваат. Да работат напорно и да бидат истрајни. Секогаш ќе има успеси и падови, но да веруваат во своите соништа – бидејќи се остваруваат!

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! 

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!