Студентите од Академијата на графички дизајн во посета на печатница ПроПоинт

Со цел да го подобриме искуството на студентите кои ја слушаат програмата на Академијата за графички дизајн, организиравме посета на печатница со група 18.
Заедно со Ана Тодоровска – инструктор на нашата Академија, студентите имаа можност да ја посетат печатницата ПроПоинт и да се запознаат со нејзиниот начин на работа, како и да го видат одблизу процесот што го изучуваат.
Од страна на печатницата беше презентиран целиот процес на работа со машините, боите и материјалите со кои располагаат и работат, како и условите кои се потребни за работа.
Во оваа блог објава, си поразговаравме со Симона Симоновска – студент на Академијата за графички дизајн за нејзиното искуство при посета на ПроПоинт печатницата.
Дознајте повеќе што ни сподели Симона
Здраво Симона, ние на Академијата за графички дизајн те познаваме, но што би споделила со останатите? Која е Симона и зошто се одлучи баш за овој тип на дизајн?
Здраво, ја сум Симона Симоновска. Моментално работам front-end програмирање, но отсекогаш сум го сакала визуелното претставување на нештата со форми, текстови, бои и графичкиот дизајн ми овозможува да го правам токму тоа и да ја изразам мојата креативност.
Раскажи ни нешто повеќе за печатницата и нејзиниот начин на работа?
Печатницата е еден огромен простор каде што има машини за извршување на различни делови од процесот на подготвуање на некое пакување, книга, постер, флаер, списание и слично. Видовме машини за печатење, сечење, виткање, лепење, вдлабнување на одредени делови од дизајнот и повеќе. Интересно беше што одредени дизајни се доработуваат рачно, дали со соодветно лепење или превиткување.
Како изгледа еден работен ден во печатница и кои се условите за работа?
Во печатницата е прилично гласно поради работењето на сите машини, но тоа не ги спречува вработените да си пуштат музика за атмосфера. Беа гостопримливи и со желба да ни покажат како работат машините.
Што ти беше најинтересно од целата посета?
Интересно ми беше да видам како се изработуваат корици за книги и тоа што можевме да ги видиме книгите како изгледаат зашиени/залепени без корица. Можевме да видиме како се додаваат некои детали како златен отисок или отисок во било која боја, а исто така дознавме дека се изработуваат посебни модли за сечење на производи во неправилни форми.
Најважната лекција што ја научивте при оваа посета?
Добро е секој дизајнер да може да го види процесот на печатење и изработување на неговиот дизајн за да добие подобро чувство за тоа како најправилно да го издизајнира производот за тој да се испечати и изработи како што е замислено.
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!