Запознајте ја Натали Манго – алумни студент од Академијата за графички дизајн, која има завршено на Факултетот за туризам во Охрид, со отсек менаџмент во услужен сектор. Но, сепак нејзината креативност решава да ја изрази преку графичкиот дизајн и работењето како freelance графички дизајнер.

 

Си поразговаравме со Натали за последниот проект на кој има работено

 

Здраво Натали, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво, здраво, Натали пред сѐ е мама на двајца палавковци кои многу ми го исполнуваат денот. Исто така, јас сум графички дизајнер којшто гордо излезе од вратите на Brainster Академијата за графички дизајн со огромен развој пред скоро една година и благодарение на знаењето кое го стекнав таму почнав да градам успешна фриленс кариера.

 

 

Ти си еден од нашите студенти кои покажаа одлични перформанси на Академијата и изработи многу интересни и креативни дизајни. Сега работиш како freelncer на различни проекти. Како изгледа да се работи како freelancer?

Се обврзувам со време односно одреден рок за завршување на проектот, но тоа не го земам воопшто за маана кај нашата професија. Досега, со ниту еден клиент не сум имала никаков проблем и можам да се пофалам дека сите мои досегашни клиенти се многу фини и љубезни, но најважно од сѐ е тоа што сите си имаат јасен став за тоа што навистина сакаат, а мене многу ми ја олеснуваат работата. Би кажала дека креативниот процес всушност е самиот проект и доколку добро се организираш, истражуваш и дојдеш до креативното решение, сработувањето на проектот се само вештини и знаења кои ги применуваш.

 

Раскажи ни повеќе за последниот проект на кој работеше?

Проект кој ми ја одбележа изминатата година е календар во форма на куќичка којшто го работев за Еurope House Скопје – компанија која е основана од делегацијата на Европската Унија во нашата земја. Овој проект го добив токму преку вас, им се допаднало моето портфолио, па ме контактираа за соработка, која беше успешна, а јас посебно среќна кога го добив календарот на подарок и сега имам такво парче дома кое сама сум го дизајнирала.

 

Која беше идејата зад тој проект и целта што требаше да се постигне?

Беше доста интересен проект, илустративно ги прикажував „11-те Youth Goals“ на Европската Унија за 2022 година преку минималистички илустрации кои ја прикажуваа суштината на исписот кој беше објаснување на секоја нивна цел.

 

 

Како изгледаше целиот дизајн процес и кои беа твоите задачи?

Најпрво добив сосема јасен брифинг, којшто ми ја олесна целата работа. Испратив две креативни решенија, формите на Баухаус како едно решение и илустративен приказ како второ. Го избраа илустративниот приказ и така продолживме, сѐ до финалниот резултат кој и не се разликуваше многу од првичното решение. Имав целосна слобода за дизајнот што навистина ми ја разбуди креативноста и сосема ми ја олесни работата. Убаво е чувството кога клиентот верува во тебе. 

 

Опиши ни го искуството да се работи на ваков вид на проект кој остава импакт на заедницата?

Не е концепт проект кој ќе го видат луѓето само на социјалните мрежи, туку едно финално парче на календар, во овој случај, којшто излегува од печат и имаш голема одговорност како тоа ќе изгледа. Треба да се размислува до најситен детаљ за тој финален продукт кој како репрезентативен материјал ќе пристигне кај доста луѓе и не ја претставува само компанијата за која си го дизајнирал туку и тебе како негов дизајнер.

 

И за крај, твојот совет за сите оние кои сакаат да работат како freelance графички дизајнери?

Пред сѐ да веруваат во себе, да си изградат сопствен стил по кој ќе бидат препознатливи и да не се плашат од предизвици, бидејќи совладувањето на истите секогаш ќе ги истакнува напред. Еден задоволен клиент секогаш ти носи други клиенти!

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!