Методологијата на работа и креирање на наставните програми во Brainster се базира на постојанa анализа и следење на трендовите во ИТ индустријата и пазарот на труд, но, и константно подобрување врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Земајќи ги предвид овие работи, ја збогативме програмата на Академијата за графички дизајн со нов модул: Motion Design.

Александар Поповски е нашиот нов инструктор на Академијата за графички дизајн кој го предава модулот Motion Design, а моментално работи во интернационалната компанија – Proxify, каде работи full-time графички и motion дизајн.

 

Во оваа блог објава ќе дознаете повеќе што се изучува на овој модул и неговата важност за графичките дизајнери

 

Здраво Александар! Покрај тоа што си новиот инструктор на Академијата за графички дизајн, имаш интересно и уникатно искуство зад себе. Искуство кое ќе можеш да им го пренесеш на нашите студенти. За да те запознаат другите подобро, кој е Александар?

Здраво! Јас сум Александар Поповски, новиот инструктор по модулот Motion Design на Академијата за графички дизајн. Сертифициран Adobe дизајнер и работам во оваа професија активно повеќе од 5 години.

 

Еден дел од твојата улога како инструктор е да ги мотивираш студентите да учат повеќе за да ги надградат своите вештини. Кои се твоите tips & tricks?

Собирајте што повеќе знаење од веќе искусните дизајнери. Гледајте туторијали, пратете ги трендовите, правете moodboards од анимации и експериментирајте.

 

Раскажи ни со што ќе се запознаат студентите на модулот „Motion Design“? 

  • Изучување на софтверот Adobe After effects i Adobe Media Encoder;
  • Запознавање со алатките и работната површина;
  • Работа во 2D простор со вектор објекти, растер фотографии и видеа.

 

Што точно се изучува на овој модул и колку е важно неговото знаење за графичките дизајнери?

На овој модул, студентите ќе имаат прилика да се запознаат со поимот анимација. Тука тие ќе можат да ги искористат вештините кои ги изучувале на претходните модули и да ги донесат на „следно ниво“. Своите постери, логоа, публикации и сл. ќе научат како да ги придвижуваат во просторот, да им дадат живот и со помош на алатките на After effects да креираат одлични анимации.

 

Кој е најдобриот метод за учење на нови техники и алатки?

YouTube е одлична платформа за кратки туторијали каде што студентите можат да се стекнат со нови идеи и да видат уникатен начин на креирање анимации. Бидејќи нема правилен начин на дизајнирање и анимирање, повеќето од видеата имаат варијации во изведување на вежбите, така што студентите можат да се стекнат со повеќе знаење гледајќи туторијали за иста работа.

 

Која е тајната за да се стане успешен motion дизајнер? На што треба идните студенти да посветат внимание?

Како и за сѐ во животот, најдобриот учител е праксата и напорната работа. Создавањето на работна навика и постојаното пратење на трендовите во светот, овозможуваат градење на визуелна библиотека и креативно размислување.

 

И за крај, совет за студентите што би можел многу да им помогне при градење на својата кариера?

Да креираат фолдери (moodboards) на платформи како behance, dribbble… Многу ќе им помогне при градење на својот стил и ќе имаат место за инспирација. Кога станува збор за модулот Motion Design, студентите кога ќе видат анимација која им се допаѓа, да ја симнат и frame по frame да анализираат како е креирана. Ова ќе им помогне да сфатат како размислуваат реномираните дизајнери и ќе им биде од значителна корист при креирање на своја анимација. 

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!