Академијата за графички дизајн – незаборавна едукативна авантура

Запознај го Петар Нича – алумни студент на Академијата за графички дизајн, чиј дизајн беше објавен во галеријата на Packaging of the World.

Исто така, еден од најпопуларните проекти на кои тој има работено е Победничкиот дизајн за визуелниот идентитет на VA Engineering.

По завршување на Академијата, Петар започна да ја гради својата кариера како Motion Designer, а сега работи како Brand Designer во компанијата Cushman & Wakefield | FORTONMKA.

 

Си поразговаравме со Петар за неговото кариерно патување

 

 

Здраво Петар, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!

Јас сум Петар Нича од Скопје, имам 26 години и сум авантурист во душа. Обожавам да патувам, сакам да запознавам нови луѓе, нови култури и обичаи. Во моето слободно време, спортувам и дизајнирам, а слаба точка ми е музиката. Графичкиот дизајн отсекогаш бил дел од мене, па затоа лесно најдов начин да го воведам во моето секојдневие. 

 

 

Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?

Дизајнот отсекогаш ми бил во срцето и затоа сакам да сум во тек со сѐ што е поврзано со него. Откако се запознав со Академијата за графички дизајн и сѐ што нуди истата, без размислување одма го направив првиот чекор. Поседувам голема фантазија и чувство за детали, кои се од голема помош на еден графички дизајнер. Па, така сѐ што правам поврзано со оваа област, го правам со љубов бидејќи ме исполнува до крајност.

 

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

На Академијата за графички дизајн си поминав предоброоо. Благодарение на програмата и професорите, многу лесно се совладуваат сите алатки и сите техники. Стекнав многу нови знаења, нови искуства, добра дружба, нови пријатели. Една убава незаборавна едукативна авантура.

 

 

Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?

Research и постојано вежбање и цртање, нешто што е неизбежно. А пред сѐ, на новите студенти им препорачувам да ги прават домашните задачи што се составен дел на Академијата и да бидат навремени, бидејќи така ќе се стекне навика и лично многу ќе ви се олесни процесот за да станете дизајнери.

 

 

Раскажи ни за почетоците на твојата кариера?

Кариерното патување по завршување на Акедамијата беше различно и интересно. Многу врати се отворија благодарение на Brainster. Прво започнав како Motion Designer во една фирма, а сега веќе некој период работам како Brand Designer во една корпоративна фирма – Cushman & Wakefield | FORTONMKA. Еден мој работен ден започнува со кафенце и добра музика, па тогаш се почнува со изработки на брошури, каталози, банери, билборди, видеа, како и постови за социјални мрежи. Исто така, одржување на веб страницата и соработа со тимовите за маркетинг стратегиите, е дел од моето секојдневие.

 

 

Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?

Дизајнер е личност која планира форма или структура на нешто пред да се направи, со подготвување цртежи или планови. Светот се гледа малку поинаку. Повеќе на прецизноста и деталите, а најбитно од сѐ совршенството. Што некогаш знае да нервира, дека на крајот на денот, дизајнерот има цел тоа што го прави да биде совршено и уникатно.

 

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

Во следните години сакам да се развивам во областа на 3Д анимација, каде што и полека тој сон го остварувам. Благодарение на Motion Design, полека преминувам во областа како 3Д дизајнер. Процесот на земање дигитални објекти и нивно оживување со создавање на илузија дека се движат низ тридимензионален простор, е нешто што ми има задржано многу внимание за во иднина.

 

 

За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор? 

Ме охрабри фактот дека во оваа област нема граници, твориш до бескрај и уживаш. А на сите тие што сакаат да го преземат овој чекор, би им кажал: нека бидат подготвени за експлозија од идеи и искинати листови околу бирото. Исто така, да не се обесхрабруваат кога нема да имаат идеја за дизајн затоа што таа доаѓа во моментот кога скролаш на Netflix, го шеташ кучето или уживаш во утринското кафе т.е. Out of nowhere. Така да, единствено што останува е нивната реализација и максимална посветеност за успешен дизајн. Но, ако се размислувате за во оваа област, како дизајнер топло ви препорачувам да го преземете овој чекор, а останатото е на Академијата за графички дизајн, којашто ќе ве издигне до максимум.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во текИнтересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!



Trending Stories That Might Interest You