Запознај ја Ана Митреска – алумни студент на Академијата за графички дизајн која се вработи како Graphic & Social Media Designer во Le Petit Bistro Lihnidos. Исто така, паралелно работи како дизајнер и креативен директор во Inside Design & Print.

 

Си поразговаравме со Ана за нејзиното кариерно патување

 

 

Здраво Ана, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво! Јас сум Ана Митреска од Охрид и сум голем креативец. Многу сакам да истражувам социјални и еколошки теми како подоцна би се инспирирала и би ги инкорпорирала во самите дизајни. Сакам природа, животни и топло кафе. 🙂 

 

Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?

Најмногу ме привлече самата помисла на тоа дека можам да правам нешто професионално со својата креативност. За тоа многу помогна времето во кое се запишав гледајќи колку напред оди технолошкиот свет. 

 

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Времето поминато на Академијата беше исполнето со многу предизвици, почнувајќи од тоа дека почнав без никакво претходно знаење за графичкиот дизајн. Но, зад секој предизвик и прашање кoи тековно ми се појавуваа, менторите стоеа зад мене и постојано ме мотивираа да го пронајдам својот „глас” во дизајнот.

 

Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?

Мноооогу внимавање и повторување на сите изучени теми. Секако и постојано испробување на новите знаења, теми кои некогаш си ги задавав и сама за да ги тестирам своите способности.

 

 

Раскажи ни повеќе за твоето карирно патување и како изгледа еден работен ден на графички дизајнер?

По завршувањето на Академијата кратко време бев freelancer. Бев побарана од странска фирма и работев на product design за производи кои се продаваа на Etsy. Во моментов сум Graphic and Social Media designer во Le Petit Bistro Lihnidos во Охрид. Паралелно работам и како дизајнер и креативен директор во Inside Design & Print. 

Со тоа што сум и студент по моден дизајн, обично работниот ден ми започнува со брзо кафе и следење на предавањата, а потоа дизајнирање на постови за социјални медиуми и објавување на неколку новости на профилите кои ги водам. Ги дизајнирам домашните задачи кои сум ги добила за тој ден и потоа доаѓа омилемиот дел од денот – гледање некоја комфорна серија. 🙂 

 

Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?

Дизајнерот го гледа светот со сите свои мани. Можам да кажам дека додека моето друштво нарачува храна и пијалоци, јас барам брзи алтернативи за фонтот којшто е ставен на менито и замена на колор палети. 

 

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

За 5 години се гледам како човек со полно портфолио од проекти, а за 10 како сопственик на фирма за графички и моден дизајн. 

 

За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор? 

Да направам голем чекор напред, најпрво ме охрабри татко ми со тоа што многу порано од мене го забележа правецот во којшто се движев и ме насочи да го видам својот потенцијал. Сите идни студенти би ги советувала да го преземат тој ризик на знаење и да уживаат во целата авантура во откривање на „своето јас”. 



Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во текИнтересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!