Запознајте го Влатко Јовановски – алумни студент на Академијата за графички дизајн, а воедно и Dream Team студент за месец мај 2022.
Како еден од најпопуларните проекти на кои тој има работено е Победничкото решение од 48 часовниот хакатон за компанијата BAK 2021.
По завршувањето на Академијата, Влатко започна да работи во печатницата ProMedia, каде ќе продолжи да ги надградува своите знаења и вештини од областа на графичкиот дизајн.
Си поразговаравме со Влатко за неговото кариерно патување
Здраво Влатко, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!
Здраво, јас сум Влатко Јовановски. Имам 25 години и живеам во Скопје. Откога знам за себе, моливот и листот се моите најдобри другари. Слободното време го исполнувам со играње кошарка и креирање коктели. Неодамна успешно ја завршив Академијата за графички дизајн на Brainster.
Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?
Размислував за запишување на Академијата уште од средношколските денови, но никогаш немав храброст да го преземам првиот чекор сѐ досега. После неколку години работење како бармен, сфатив дека е време да направам промена и да излезам од комфорната зона. Најголемо влијание за да се запишам на Академијата за графички дизајн беше надградување на мојата детска пасија (цртање) со технологијата од 21 век.
Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?
Академијата ја започнав со голем ентузијазам за учење и после неколку предавања веќе бев излезен од комфор зоната. Голем дел од тој успех им го препишувам на менторите кои со нивното искуство и вештини ме поттикнаа да размислувам out of the box. Како човек со full-time работа во две смени, секако дека имав безброј предизвици и потешкотии. Сепак, тоа ми беше уште поголем предизвик да се посветам дополнително и да си докажам сам на себе дека можам да ги остварам замислените цели.
Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?
За совладување на програмата на Академијата најмногу ми помогна поддршката од колегите со коишто меѓусебно се мотивиравме и ги совладувавме сите предизвици кои ни беа зададени. Упорноста, константноста и тимската работа, би ги издвоил како најпотребни вештини за успешно совладување на Академијата.
Почетокот на твојата кариера како Јunior Graphic Designer ја започна во печатницата ProMedia. Раскажи ни како изгледа еден твој работен ден?
Почетокот на мојата кариера го започнав како Јunior Graphic Designer во компанијата ProMedia. Работниот ден ми започнува со кафенце и проверување на mailbox-от за организирање на работните задачи во тековниот ден. Поголемиот дел од работата се готови дизајни кои треба да се испечатат и дополнително обработат. Покрај тоа, се сретнувам и со клиенти кои имаат потреба од дизајн решение за нивните потреби. Денот завршува со мини бриф меѓу колегите за сработеното.
Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?
Светот го гледам како креативно поле за црпење инспирација во процесот на креирање нови дизајни.
Каде се гледаш за 5 години во иднина?
За 5 години се гледам како freelance designer кој ќе изработува логоа и брендинг кои би станале светски препознатливи.
За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор?
Би ги советувал сите оние кои размислуваат за запишување на Академијата да го преземат првиот чекор што побрзо и да се препуштат во рацете на професионалците од Brainster. После првиот чекор би им кажал да го загреат столчето убаво, да ги извршуваат сите домашни задачи во зададениот рок и да се посветат целосно на Академијата.
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!