Запознај го Валентин Танески – алумни студент на Академијата за графички дизајн кој се реши да направи кариерна трансформација.
Неговата желба и упорност, резултираа со вработување како Junior Graphic Designer во компанијата Olive Jobs која е дел од групацијата Catalyst Care Group.
Си поразговаравме со Валентин за неговото кариерно патување
Здраво Валентин, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!
Здраво, здраво! Јас сум Валентин Танески, роден во Охрид, вљубеник во дизајн, добра музика, формула 1 и добро кафе.
Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?
Во суштина, сакам да знам која е позадината и процесот до толку добар конечен производ. Без разлика дали тоа е индустриски дизајн, суптилен минимален дизајн, на моите омилени брендови, бендови и веб страници. Целата ситуација со пандемијата само ми беше додатен поттик да се определам и да се посветам на потполно нова професија.
Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?
Академијата ги надмина сите мои очекувања и од аспект на стекнато знаење, и од аспект на запознавање истомисленици и многу уникатни луге. Најголемиот предизвик ми беше организацијата на времето, но предавањата по сите модули беа толку интересни што едвај чекав да се вклучам на секој час. UX/UI е модулот што би го издвоил како најинтересен..
Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?
Најважни вештини за совладување на Академијата според мене се: посветеноста, трудот, надградувањето и навременото извршување на работните задачи кои ни ги даваат менторите.
Почетокот на твојата кариера како Junior Graphic Designer ја започна во Olive Jobs. Раскажи ни како изгледа еден работен ден?
Моментално работам како Junior Graphic Designer во компанијата Olive Jobs која е дел од групацијата Catalyst Care Group. Денот ми започнува со еспресо, па потоа следува daily brief meeting со маркетинг тимот и анализирање на отворени таскови и следење на стратегиите. Врз основа на отворените таскови, започнувам со работа која опфаќа графички решенија за дигиталното присуство на истите, принт материјали, а исто така помагам во делот на креирање на веб страниците на брендовите од групацијата. Работам во Adobe Suite и Figma.
Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?
Верувам дека сите креативци гледаат на светот низ поинаква призма. Исто како што фотографите набљудуваат низ призма на кадри, дизајнерот гледа низ призма на детали и графички елементи. Интересно е како окото се програмира да набљудува секојдневни работи на поинаков начин. Така што, прилично сум сигурен дека погледот на светот на сите креативци е за нијанса поидеалистичен од стандардниот.
Каде се гледаш за 5 години во иднина?
Како senior графички и UX/UI дизајнер!
За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор?
Како што наведов погоре, љубопитноста за позадината и процесот на добар продукт, ми беше главен поттик за запишување на Aкадемијата. Ако сте љубопитна личност со критичко и креативно размислување и сте спремни да имате работа во која никогаш нема да ви биде монотоно, тогаш оваа Aкадемија е правиот избор.
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!