Запознај ја Талија Теова – алумни студент на Академијата за графички дизајн која се вработи како графички дизајнер во PR Outdoors.

Таа има 19 години и вели дека за успешно совладување на програмата, потребна е максимална посветеност и упорност.

 

Си поразговаравме со Талија за нејзиното кариерно патување

 

 

Здраво Талија, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!

Јас сум Талија Теова од Велес и имам 19 години. Секој мој ден е исполнет со дизајнирање, а во слободно време свирам гитара и играм видео игри. 

 

 

Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн?

Се одлучив за графички дизајн затоа што само така можам да ја изразам мојата креативност, како и мојот талент за цртање.

 

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Целото време што го поминав на Академијата за графички дизајн беше прекрасно. Упорноста и трпеливоста на менторите придонесоа за моето брзо и лесно совладување на сите предизвици, па затоа со нетрпение го чекав секој нов час. 

 

 

Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?

Изработувањето на домашните задачи, тимската работа и секако тука се креативноста и упорноста.

 

Почетокот на твојата кариера како Junior Graphic Designer ја започна во PR Outdoors. Раскажи ни како изгледа работен ден?

Мојата кариера ја започнав како Junior Graphic Designer во компанијата PR Outdoors. Во моментов работам на проект за хотелот Grand Chamois во Маврово за кого правам брендирани материјали. 

 

 

Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?

Светот за дизајнерот е уште еден проект за кој се стреми да го направи посовршен и подобар за живеење. 

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

Јас се гледам како успешен графички дизајнер со големо искуство и многу успешни проекти зад себе. 

 

 

За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор? 

Љубовта кон дигиталните илустрации кои се инспирирани од видео игрите, како и желбата да изградам свој art style. Сите оние кои се подготвени да го следат својот сон и да станат успешни, ги советувам да се запишат на Академијата за графички дизајн.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во текИнтересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!