Запознајте ја Валериа Атанасовска – алумни студент на Академијата за графички дизајн, која покажа одлични резултати за време на предавањата и не ја пропушти можноста да учествува на реалните проекти и хакатоните.

Како еден од најпопуларните проекти на кои таа има работено е Боенката за Стоматолошкиот Факултет.

По завршувањето на Академијата, Валериа започна на пракса во јапонската компанија Writerity, а моментало работи како Motion Designer во интернационалната дигитална агенција – DEPT.

Една година по завршувањето на Академијата, таа ни сподели дека работи за светски брендови, како што се: Amazon, Spotify, Ralph Lauren и сл.

 

Си поразговаравме со Валериа за нејзиното кариерно патување

 

 

Здраво Валериа, ние на Академијата за графички дизајн те знаеме, но претстави се на останатите! Кажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво! Пред сѐ, ви благодарам на честитките. Јас сум Валериа, графички и motion дизајнер и имам една година работно искуство во оваа област. Најисполнето се чувствувам кога денот ќе ми заврши со успешно креирани дизајни, прочитани 20-тина страни од некоја книга за личен развој и една прошетка за добар баланс. Секогаш целам кон учење на нови работи и лично надградување.

 

 

Што влијаеше врз твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн и како си поминуваше на предавањата?

Желбата да се пронајдам себеси и да го работам она што ќе ме исполнува – беше најголемото влијание да се запишам на Академијата за графички дизајн. Уште од првиот час знаев дека не погрешив. Предавањата на Brainster можам да ви ги опишам како одлично виртуелно дружење и учење на многу забавни начини.

 

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ. Како си помина на Академијата за графички дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Ако кажам дека уживав на предавањата – нема да погрешам. Секоe ново предавање беше сѐ поинтересно од претходното. И со малото познавање и искуство во Illustrator & Photoshop, успеав да се соочам со најголемиот предизвик на Академијата – Хакатонот кој траеше цели непрекинати 48 часа, на кој заедно со тимот успеавме да креираме целосен бренд за една нова компанија.

 

 

Кои вештини ти помогнаа полесно да ја совладаш програмата на Академијата за графички дизајн?

Уште многу одамна, сакав слободното време да го поминувам во цртање, а денес можам да кажам дека таа вештина многу ми помогна за полесно да ја совладам Академијата за графички дизајн.

 

 

Раскажи ни за почетоците на твојата кариера и како изгледа работен ден на еден графички дизајнер?

Почетокот на мојата кариера како дизајнер ја започнав во јапонската компанија Writerity на практикантска позиција, каде што го надополнив своето знаење и научив да работам видео анимации. Потоа се вработив во маркетинг агенцијата Dot media, а моментално работам во DEPT.

DEPT е компанија во која може да се добие огромно знаење и да се постигне голем напредок. Можам да кажам дека го имам најдобриот тим за работа. Еден мој работен ден како графички дизајнер е исполнет со двојна доза на креативност, 10-тина измени во дизајни, и како за крај, задоволство од целата завршена работа.

 

 

Како дизајнерот гледа на светот и на работите околу него?

Светот околу мене го гледам како инспирација и место кое секогаш може да биде подобро.

 

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

За 5 години од сега, се гледам себеси како успешен дизајнер, со изграден сопствен стил, со големо знаење и искуство. Но, пред сѐ, личност која ќе биде пример за сите идни дизајнери.

 

 

За крај, што е она што тебе те охрабри да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера како графички дизајнери и сакаат да преземат ваков чекор? 

Читајќи книги, сфатив дека најголем успех ќе постигнам доколку го работам она што ме исполнува. За многу кратко време, по завршувањето на студиите на Економскиот Факултет, навлегов во светот на дизајнот и не погрешив. Сите оние креативци кои би сакале да започнат кариера како графички дизајнери, би ги советувала да не се двоумат и да го направат првиот чекор, бидејќи светот на дизајнот е бесконечен и премногу забавен, а јас вистински уживам во она што го работам.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во текИнтересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!