Welcome to our new students! Happy Fall Y’all! 🍁
Оваа есен, тимот на Brainster им посака добредојде на новозапишаните студенти кои се во потрага по кариера од соништата! Да се биде дел од целиот овој процес е предизвик, но исто така и возбудливо искуство кое носи нови пријателства, различни културни перспективи и мотивација за успех. Часовите започнаа, а групата на студенти желни за знаење почнува да ја трансформира својата кариера!
Па така, новостите од месец септември се однесуваат на: подобрувањето на искуството на нашите студенти, претставувањето на инструкторите, проектите кои успешно ги завршија студентите и вработувањата со кои беа наградени.
- Програмски подобрувања на Академијата за Front-End програмирање согласно најновите трендови во индустријата
Методологијата на работа и креирање на наставните програми во Brainster се базира на постојанa анализа и следење на трендовите во ИТ индустријата и пазарот на труд, но, и константно подобрување врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност. Прочитај повеќе!
- Креативно решение за редизајн на надворешниот изглед на Food Hood
По завршувањето на предавањата, студентите од Академијата за графички дизајн започнаа со изработка на своите завршни проекти со цел да ја комплетираат програмата. Нивната задача беше да го редизајнираат надворешниот изглед на fast food ресторанот – Food Hood со цел да стане повпечатлив за потрошувачите. Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избран токму редизајнот на Марко Михајловски. Прочитај повеќе!
- UX/UI дизајн на новата веб страница на Види Вака
Овој пат, студентите имаа задача да направат целосен UX/UI дизајн на новата веб страница на Види Вака. Станува збор за една насловна страница и неколку внатрешни страници со различна намена кои треба на динамичен начин да ја прикажат нивната работа и различните формати на раскажување кои ги нудат, а воедно и да го истакнат квалитетот на истите. Прочитај повеќе!
- Студентите од Академијата за графички дизајн создадоа нов корпоративен дизајн за Види Вака
Студентите имаа задача да работат на дополнителен реален проект и да изградат визуелен корпоративен идентитет што ќе го отсликува модерниот бренд на Види Вака, кој притоа нуди широка палета на раскажувачки формати, а содржината е јасна, разбирлива и важна за сите. Прочитај повеќе!
- Важноста на толкувањето и објаснувањето на моделите за машинско учење
Ако еден модел за машинско учење ни дава добри резултати, зошто едноставно не му веруваме на тој модел и да игнорираме како и зошто се направени соодветните одлуки? Проблемот е во тоа што една метрика, како што е точноста во класификациските проблеми, не го објаснува доволно реалниот свет.
Во овој текст, ќе се обидеме да ја објасниме важноста за толкувањето и објаснувањето на моделите. Кога станува збор за предиктивни модели, потребно е да се направи некаков баланс: Дали сакаме да знаеме само што е предвидувањето? Прочитај повеќе!
- Водич за идни софтвер тестери
Неминовен е фактот дека светот постојано се менува, а главен виновник за тоа е брзиот развој на технологијата. Дигиталната револуција носи со себе многу промени, а исто така и многу позитивни можности кои го подобруваат и олеснуваат животот на луѓето.
Тестирањето на софтвер е мошне интересно, но исто така и предизвикувачко поле. Автоматизацијата и технолошката револуција направија сѐ повеќе луѓе да сакаат да направат целосна кариерна трансформација во оваа професија. Прочитај повеќе!
- Популарноста на React станува сѐ поголема: ќе остане ли на врвот уште долго време?
React.js е креиран од Jordan Walke, софтверски инженер во Facebook кој под влијание на XHP- HTML библиотеката со компоненти за PHP објавувува ран прототип на React наречен „FaxJS“. Првпат е употребен на News Feed – Facebook во 2011 година, а подоцна и на Instagram во 2012 година.
Потоа станува open source софтвер на една од конференциите за JavaScript – JSConf US во мај 2013-та година, а оттогаш се шири со брзина на светлината и многумина ќе речат дека е број еден алатка при избор за front-end web development и развој на мобилни апликации. Прочитај повеќе!
- Што е MERN Stack на технологии?
Стек на технологии е комбинација на програмски јазици, рамки за развој, библиотеки и алатки кои овозможуваат да се изгради одредена апликација. Спојувањето на сите технологии и алатки што се користат во процесот на градење на апликацијата ја одредува приспособливоста и понатамошното одржување и нејзиното надградување. Прочитај повеќе!
- Започна серијалот „Студентите зборуваат за искуството“
Го создадовме видео серијалот „Студентите зборуваат за искуството“ за да ви ги претставиме успешните приказни на нашите студенти. Во првата епизода, имате можност да ја запознаете Елена Клисаровска – алумни студент на Академијата за Full-Stack програмирање која само неколку месеци по стартот на предавања, ја започна својата кариера во компанијата Devsy. Прочитај повеќе!
- Продолжува серијалот „Запознајте ги инструкторите“
Ги претставивме инструкторите кои предаваат на Академиите на Brainster, како и нивните омилени книги, хобија, а исто така и го раскажавме нивното професионално искуство. Прочитајте повеќе и запознајте ги нашите инструктори!
- Академија за UX/UI дизајн: Златан Мујчин
- Академија за дигитален маркетинг: Кристијан Арсов
- Академија за графички дизајн: Александар Нофитоски, Ана Тодоровска, Небојша Гелевски
- Академија за Front-End програмирање: Благица Стојановска
- Академија за Software Testing: Фросина Трипуноска, Моника Божиноска
- Full-Stack HR Академија: Лилјана Секуловска, Моника Костовска, Александра Тасевска, Викторија Дамчевска, Ана Умерова
- Академија за Project & Product Management: Ивана Крстева, Огнен Трипуноски
- Нови успешни приказни
Ги раскажавме приказните на: Кристина, Елена, Стефан, Филип, Матилда, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец
Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
До следниот месец!
Тимот на Brainster ❤️