Запознајте ги инструкторите – Фросина Трипуноска

Фросина Трипуноска е инструктор на нашата Академија за Software Testing. Таа е дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, а кариерата како QA инженер ја започнува уште пред дипломирањето, како практикант на позиција Quality Assurance Engineer. Потоа, одлучува да се посвети целосно на тестингот. Со голема желба да ги спои програмирањето и тестирањето, таа продолжува да се занимава со автоматско тестирање на софтвер. Моментално работи како QA Automation Engineer во InPlayer.
Водејќи се од тоа дека софтвер тестингот е прилично нова професија кај нас, а исто така, многу брзо се развива и надградува, најголемиот предизвик за Фросина е менторството на Академијата за Software Testing. Има запознаено многу нови луѓе кои сакаат да направат промена во кариерата, и смета дека нема поубаво чувство од тоа кога ќе ја информираат дека станале дел од некоја софтверска компанија и почнуваат да се реализираат како тестери на софтвер, а вложениот труд и напор почнуваат да им се исплатат.
Запознајте ја Фросина – инструктор на нашата Академија за Software Testing
Име и презиме: Фросина Трипуноска
Академија: Академија за Software Testing
Модул: Вовед во објектно-ориентирано програмирање; Selenium Web Driver; Appium
Професија: QA Инженер
Искуство: 3 години
Зошто баш Software Testing: Затоа што со тестингот придонесуваме кон квалитет на софтверот што се девелопира и му даваме вредност на крајниот продукт.
Хоби: Книги, серии и во последно време одгледување растенија.
Омилена книга: Norwegian wood – Haruki Murakami
Омилен цитат: „Knowledge shared is knowledge squared.”
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!