Aна Умерова е наш инструктор на Full-Stack HR Академијата, а воедно и експерт за учење и развој, организациска култура и employee experience, со преку 15 годишно искуство во водење и имплементирање на проекти во областа на човечки ресурси. Има големо искуство во работа со домашни и меѓународни компании, како и невладини организации.
Ана во моментов работи како експерт за човечки ресурси во А1 Македонија и води важни компаниски проекти за учење и развој на вработените за дигитални вештини (upskilling & reskilling), управување и задржување на таленти, employer branding, како и воведување на нови начини на работа.
Таа има магистратура по менаџмент на човечки ресурси и е сертифициран Scrum Master и сертифициран digital transformation специјалист со страст за имплементација на промени во културата, агилен начин на работа, брендирање на работодавачот и развојни проекти и програми за учење. Секогаш во потрага по подобри начини за инспирација на вработените и предизвикување на status quo-то.
Запознајте ја Ана – инструктор на нашата Академија за Full Stack HR
Име и презиме: Ана Умерова
Академија: Full-Stack HR Академија
Модул: Мотивација и наградување на вработени
Професија: HR (People & Culture) Expert
Искуство: 15 години
Зошто баш HR: Возбудливо време е да бидеш HR професионалец кога компаниите се подготвуваат и работат на дигитална трансформација и воведување на нови начини на работа.
Хоби: Одење на детски родендени со ќеркичката и гледање Netflix
Омилена книга: Само една? 🙂 Како љубител на трилери, Стивен Кинг „IT”, а во последно време најмногу Себастијан Фицек.
Омилен цитат: „The best way to predict the future, is to create it!“
Уписите за следната група на Full-Stack HR Академија се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!