Кристијан Арсов е инструктор на нашата Академија за дигитален маркетинг. Моментално работи како Lifecycle Marketing Manager за Lifesum, шведска компанија во health & wellness индустријата, каде е одговорен за сета комуникација со корисниците преку email, push notifications, in-app и други канали. Претходно има 4 годишно искуство во агенција за дигитална трансформација, работејќи на проекти поврзани со креирање на дигитални продукти, go-to-market стратегии, lead generation, email marketing, имплементација на CRM & marketing automation софтвери, како и креативна поддршка на Sales тимот.
Запознајте го Кристијан – инструктор на нашата Академија за дигитален маркетинг
Име и презиме: Кристијан Арсов
Академија: Академија за дигитален маркетинг
Модул: Lead Generation, Landing Pages, Email Marketing
Професија: Digital Marketing Manager
Искуство: 5 години
Зошто дигитален маркетинг: Уште како дете, обожавав приказни. Да ми ги читаат, но и да ги смислувам сам – пишував „книги“ за диносауруси и за тајни агенти, кои ден-денес мојата драга баба ги чува 🙂 Понатаму во животот, таа љубов се насочи кон филмовите и потајно посакував еден ден да станам познат режисер.
За жал, барем досега, таа желба не се оствари, но по некој сплет на околности завршив на Економскиот факултет каде се запознав со маркетингот како наука, и секако неговиот дигитален аспект којшто доминира во денешно време. Тогаш сфатив дека дигиталниот маркетинг е одлична прилика за мене да ја реализирам таа долгогодишна желба да раскажувам приказни – само овојпат во име на брендови и компании, користејќи ги најновите технолошки иновации.
Хоби: МТБ велосипедизам, планинарење, дигитална фотографија, читање книги (ама за озбилно 🙂 )
Омилена книга: Стручна: „On Advertising” од David Ogilvy. Секој амбициозен маркетер мора да ја прочита
Роман: „1984″ од George Orwell. Иако сметаш дека нема допирна точка со нашата професија, пропагандата што диктаторската влада ја користи во книгата се заснова на многу од основните постулати на маркетингот – само десеткратно засилени и злоуптребени.
Омилен цитат: „The future present is digital.“
Оценка од студенти: 4.72
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!